Фан Клуб: Интер

Видал изјави пред некој ден дека сака да игра за Баерн Минхен (а и се водат преговори мислам ) така да не го очекувајте него во Интер. :)
 
Оууу голем лајк :)
Само Снајдер да остане.
Маикон=20
Мота=15
Цезар=20
=55 .
Санчез=25 + Кутињо на позајмица :) + дваесе копиљаци за да можат да освојат лига до 1997 година родени...
Вивиано=10
Видал=?
Некој одбранбен што ќе биде резерва :)= 5
Нагатомо=4
=44+?

Да гасам менаџерот??

..:D
 
До кое дереџе дојдовме
Некој си Биелса да не одбива , скаутот да сака да си оди ...
Ето може да си оди , шпекулации за Снајдер , Маикон , Мота
А никој не купуваат и што е најтрагично и да сакаат да купат ќе не одбијат
 
Одамна пишувам дека нема веќе добри тренери, и оние малку што се веќе се зафатени. Тешко ќе биде, јас сум пак за некое не многу долгорочно решение и да се надеваме Мурињо да добие отказ :)
 
Не одбил тој треба да е радосен Интер да го побарал да не очекува на Реал да е тренер чисти шпекулации според мене.
Ето размислувал дали да си оди слободно да си оди ако сака во Англија сакал и Снајдер нешто на таму гледа.
Ето за Тевез и Снајдер за Пасторе ми е далеку по перспективно.

А напад ваков ---Санчез----Пацини-------Тевез---
---------------------------------Пасторе-------------------

Ова не ми изгледа лошо.

Инаку нешто Делио Роси слушам сум го прател многу заради Пандев неговите екипи секогаш играле одличен фудбал напаѓачки.Најмногу би се израдувал Пандев(стварно е роден под среќна ѕвезда ако ја има таа среќа) а и нема да е лошо следна година да ни е тренер додека не се ослободи некој од Гвардиола и Мурињо или тренерот на Порто.
 
Бене, формацијава 3-4-3 (или било која со три во одбрана) само глуп ја игра со три класични дефанзивци. Затоа и пишав, играчи како Маикон, Киву и Занети се најпотребни за ова формација. Во ова формација само еден играч смее да биде бавен, т.е. типичен централен како Лусио, Самуел, Пике, Тери, итн, и тоа освен што треба да е висок, треба да знае да подаде топка и да мисли со главата малце, перфектен пример ти е Пике за ова, затоа што цело време треба да ја смени позицијата, и треба да покрие понекогаш за двајца. Другите страничните имат особини да играт и како крила и како бекови, затоа и Киву, Маикон, Сантон и Занети ги спомнав, е сега за да може овие да ораат, ке ни требаат играчи како Камби и Мота да затвараат, односно да се враќаат назад дур овие се напред и затоа спомнав 5 или 4 одбранбени, кога Маикон и Занети ке се напред, Мота и Камби ке пијат чај со Самуел или Лусио или Ранокија... Не бе, можам до задутре да пишам, кај ме погоде Морати со тренеров... :D

Читај што му пишав на Бене, тие тројца никој не ги става, максимум двајца од нив може да се во иста формација и тоа се Ранокија + едниот од Лусио/Самуел.
Па формацијата 3-4-3 е за играње со тројца класични дефанзивци, она што подоле го пишал и Штрафценегер.
Од тие 4 во средина, двајца играат како офанзивни бекови(Маикон и Нагатомо, пример).
Читаш ИОсоно? :D

Пиши си ти до задутре, и шо не каеш дека си сменил ник, ај порано се гледаше, сега па ни тоа не се гледа...


 
Изглеа Биелса не одбил нас за да оди во Атлетик Билбао. :LOL:
Сеа кој, Клаудио Раниери или Синиша Михајлович? :LOL:
 
Анчелоти :ROFLMAO:
anceloti2-rojters-v.jpg
 
Па не е ненормален тој Биелса да дојди кај нас кога знае дека Атлетико Билбао е поперспективен клуб од нас и има повеќе средста за трансфери на нови играчи таму отколку кај нас.....
 
Има некој информација во подготовките со кој екипи ќе играме?
Освен турнирот во Даблин што сум запознаен, некој друг појак меч ќе играме?
 
Јас многу не верувам во шпекулации.
Галатасарај нуди 10 милиони за Мунтари :) Кој ке поверува во тоа??? Дури и статијата не ја отвара.... гугл - интер милан њуз :)
Па како може Палермо да бара 50 милиони за Пасторе, Наполи и Удинезе над 30 за Хамшик односно Санчез, а Интер без размислување ке го даде Снајдер за 40 милиони, Мота за 15...

Па ако еден Пасторе вреди 50, Морати не смее ни да погледне понуда под 70 милиони евра...

Мислам дека прво ке се ангажира нов тренер па потоа во согласност со него ќе се продаваат или купуваат играчи. Засега се е само шпекулација...
 
Па формацијата 3-4-3 е за играње со тројца класични дефанзивци, она што подоле го пишал и Штрафценегер.
Од тие 4 во средина, двајца играат како офанзивни бекови(Маикон и Нагатомо, пример).
Читаш ИОсоно? :D

Пиши си ти до задутре, и шо не каеш дека си сменил ник, ај порано се гледаше, сега па ни тоа не се гледа...

Грешка сте за тоа дека се игра со три класични дефанзивци. 3-4-3 е пред се напаѓачка формација, не е целта на формацијава од 3-4-3 (кога напаѓаат) да се конвертира во 5-2-3 (кога се бранат), тоа што го зборите вие звучи најлогично ама не е така, бековите треба многу да трчат, а тие од средина треба да се играчи од средина, а не бекови кои знаат да упатат центаршутеви.

цезар​
Маикон-Самуел-Ранокија​
Мота-Камби​
Пандев-Снајдер-Ето​
Пацини-Кастањос​

Маикон и Киву, треба да играат и како крилни бекови ко ке треба матер да си ебат од центаршутеви и трчање и како дефанзивни, Мота и Камби треба да играт и како деструктивци и како централни одбрандбени, Пандев, Снајдер и Ето треба да можат во секое време да се ротираат, или барем да се во можност да играат во најмалку 2 позиции, Пацини и Кастањос, треба да пазат и голови да дадат :p

СЕга не овие играчи, ама тоа е целта на 3-5-2, 3-4-3 формација, да се напаѓа цело време, да се трча како луди, и пред се, средината ке ни е кралска, со 5 играчи цело време.

Постои и друга опција, дури и многу подобра за Интер, а тоа е Андреш Вилаш Боаш. :sneaky:
 
Ај бе не се будалете не ми се ни пишува повеќе за оваа глупа идеја со тројцата мускетари. Нека не измислуваат топла вода и нека донесат некој саглам играч, само за муабети ги бива ебате шупците...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom