Фан Клуб: Интер

Мене никогаш не ми било јасно како немаме 25 милиони за еден супер играч ама имаме 3x8 милиони за тројца непотребни просечни дудуци...
 
Преѓеска гледав еден наслов на една статија во фцинтер1908.ит за тоа како Интер ке потроши 100 милиони евра за реновирање на тимот, од возбуда не чекав ни Кромот да го преведе текстот, на ’талијански бев спремен да го читам (разбирам 70%... ни јас не знам зошто) - отварам статијава, што да видам, тие направиле план во кој се продава Снајдер, Мота, Милито, Пандев, па од нивните пари плус 2 милиони од средствата со кои располага Интер, вкупно 100 милиони :)

Тие коментари “не очекува бурно лето во трансфер пазарот“, само навивач на не-Интер може да ги каже, ние не. :D
 
Oва Талахасево значи, па има ли бре нешто побурно од тоа да се продаде пола тим за да се купува ? :)))
И ти шо си ...
 
Поцо е подготвен да седне на маса (на столче ќе седат) со Морати и да преговара, но не сака кеш + играчи него само кеш. Изгледа Поцо е од Бангладеш.

Вака разбрав од Гугл транслејт, ако е точно, буе буе Санчез.
 
Значи колку сме бедни лол
Можеме да издвоиме 20-22 милиона плус цела младина и пола прв тим а неможеме да издвоиме 30-35 милипона првпат во историја за еден играч
 
Насри, Банега, Санчез, Сисоко, е замислете овие да дојдат оваа лето, ама притоа да сме го продале Мунтари, Милито, Пандев.

Толкави се шансите и Санчез да дојде во Интер.

Карја го гледам како дел од тимот на интер.ит, следната сезона ако навистина е тука и ако навистина сме дале 4 милиони за него, не ни помислувам збор да трошам на темава, со ИоСоно ке се караме за филмови...
 
Поцо е подготвен да седне на маса (на столче ќе седат) со Морати и да преговара, но не сака кеш + играчи него само кеш. Изгледа Поцо е од Бангладеш.

Вака разбрав од Гугл транслејт, ако е точно, буе буе Санчез.
Отсекогаш сакал Поцо само кеш, само ние му даваме 10 годишни младинци :D

Сега човекот бара 30-35 милиони, како не би барал кога и Барса се заинтересирани, ко што вика Морати, сега му се покачи цената за 5 милиони...
А можевме да го земат за 20-22 милиони.
 
Јас мислам дека, ќе го продадеме Маикон на Реал за 20-22М, со овие пари +плус 5М и еден младинец ке го земеме Санчез.
 
Вишок е по доаѓањето на Хендерсон во Ливерпул
Лукас​
Џерард - Хендерсон​
Брат, Меирелеш имаше одлична сезона во Ливерпул или ајде, просечна прва полусезона и фантастична втора полусезона, и не би рекол дека е вишок покрај овие играчи, пошо од сите е подобар освен од Џерард. Не знам овој Хендерсон од кај излезе али не би рекол дека ќе игра пред него.
 
Мислиш дека лупнаа 20 милиона за да грее клупа а и плус е англичанец а они немаат многу англичанци така да...
 
Океј де, исфрли го тогаш Лукас. И ја не верувам дека џабе ги фрлија парите за Меирелеш па после една сезона и тоа доста успешна(за него) да го пуштат да си иде... :)
 
Океј де, исфрли го тогаш Лукас. И ја не верувам дека џабе ги фрлија парите за Меирелеш па после една сезона и тоа доста успешна(за него) да го пуштат да си иде... :)
Лукас ќе игра дефанзивен средњак (задњи везни) т.е DM
Меирелеш игра и CM и AM
 
Обична шпекулација е ова со Мајконот. Може слободно да си го чувате. Лани кога не го продаде Интер оваа сезона уште потешко. Уште па 22 милиони мало морген. Толку вкупно коштаа Озил и Сахин ;)
 
Обична шпекулација е ова со Мајконот. Може слободно да си го чувате. Лани кога не го продаде Интер оваа сезона уште потешко. Уште па 22 милиони мало морген. Толку вкупно коштаа Озил и Сахин ;)
Ние кога бараме некој топ играч ни викаат 40 милиони, кога го продаваме за 20 ни викаат мало морген :)
Озил и Сахин убаво ги начекавте по светско, штета што ние немаме чувство да искористиме момент. Секогаш сме „заинтересирани“ за некој тип кој чини 5 милиони ама не сме „убедени“ дека вреди, се додека не му рипне цената на 35...
 
Помина време кога бевме ко вас. Кога си имавме играчи ко Гравесен,Вудгејт,Мехиа,Павон,Раул Браво,Емерсон и Фоберт.
Барем вашите Мунтари и Карја не прават вакви работи....

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom