Фан Клуб: Интер

Ама еве пример, да мора да се одлучи помеѓу Милито и Пандев (затоа што не мислам дека црвен крст ке станеме па сите да ги држиме), јас сум за Милито да се држи а Пандев да се продаде. Што знам, кога ке ми текне лани што правеше Милито, морници ми лазат :)

Признај дека лани Милито беше ко Ибра у PES 2010. :D
 
Еве го победникот Бен,сеуште тренира во академијата на Интер :)
 
Пандев е фантастична опција за на клупа.
1. нема да изиграва ѕвезда и да бара прв тим.
2.може да покрие повеќе позиции.
Е сеа Милито е проблемот дал гологви ама ДАЛ лани. Очекувам следната сезона да изигра исто како оваа. Сите викаме дека мора да престанат со тоа дека легендите мора да останат, а после недела дена викаме Милито треба да остане пошо е легенда. Подобро да им го дадат на Расинг ( или кој му е матичен клуб ) отколку да зима пари кај нас за нешто што направил пред 2 години. Дури мислам дека и Кастињон би го стаил пред Милито :).
 
Еве го победникот Бен,сеуште тренира во академијата на Интер :)

Тешко дека тренира во Интер, колку што читнав по нет се вратил во Англија во некој ЧКЉ клуб на проба. Линк
(Малку ги испомешале имињата на клубовите... али ОК :) )

Е сега незнам каков статус има во Интер, ама очигледно не е нешто посебно.
 
Признај дека лани Милито беше ко Ибра у PES 2010. :D

Не знам каков бил Ибра во ПЕС 10, ама во 09 кинеше :)

Инаку за Бен, ништо од него нема да биде, најголемо достигнување му беше тоа што во една реклама му бил двојник на Кики Роналдо, и ништо повеке. Да го биваше, од сите тие тимови во Англија (про и аматерски) немаше во улица да игра, заедно со сите што учествуваа во оваа шоу. Едно време беше со примавера тимот, после го снема, па играше Англија една полу-сезона (истата сезона кога сеуште имаше договор со Интер) во некој си тим, и тоа е тоа.

Имаше еден со една нога пократка од другата, него го биваше повеке од сите, ама онаков беше лигуш невиден, плачеше за Англија целото шоу. Не знам како дозволија Интер олку ниско да паѓат иако на времето кога го гледав ова, ептен нешто се филмав дека ке ги биде децава, ама кога ке седнеш да размислиш... :)
 
Срединава ни е трета општинска лига

Centrocampisti: 8 Thiago Motta, 14 Houssine Kharja, 17 MacDonald Mariga, 19 Esteban Cambiasso, 20 Joel Obi, 29 Philippe Coutinho
 
ајде да тепаме утре и палермо ќе го сисни во финалето :)
 
Добро е што е Палермо во финале, барем со нив можеме да се носиме и сигурно победуваме, ако беше Милан кој ќе ги глеаше тактичките замисли на Леонардо....

За утре сигурно идеме понатака, нема шанси да изгубиме од Рома...
 
Лео ваков или онаков на домашен терен има 11 победи од 11 натпревари ( алудирам на Серија А ), со дебелиот на домашен терен го имаа следниов скор, кхм, од 7 средби, 3 победи, 3 нерешени и 1 пораз, односно, од можни 21 бод, загубија 9 бодови ДОМА ( потенцирам, од само 7 меча ) и го доживеаа првиот пораз по 49 меча, од Милан, кои скоро цело второ го изиграа со играч помалце.

'' Скаутов '' во поим го убива '' тренерот '', ова е само 1 од многуте факти кои алудираат каде и со кого сезонава отиде во три лепе.
 
Лео ваков или онаков на домашен терен има 11 победи од 11 натпревари ( алудирам на Серија А ), со дебелиот на домашен терен го имаа следниов скор, кхм, од 7 средби, 3 победи, 3 нерешени и 1 пораз, односно, од можни 21 бод, загубија 9 бодови ДОМА и го доживеаа првиот пораз по 49 меча, од Милан, кои скоро цело второ го изиграа со играч помалце.

'' Скаутов '' во поим го убива '' тренерот '', ова е само 1 од многуте факти кои алудираат каде и со кого сезонава отиде во три лепе.
Верувал или не, поради вакви коментари не ми се пишуваше едно време на темава.

А каков бил Леo на домашен не игра голема улога на натпревар што се игра во Рим на Олимпико. А за потсетување каков е Лео на Меаца и против Милан, еве клипче:


Ае, терајте си ја темава :)
 
А каков беше Интер на истиот тој стадион пред 60 000 СВОИ навивачи кога имаше играч повеќе на терен против истиот тој тим, де дај некое клипче, да видиме дали успеаа во таква сиутација шанса да направат.
А таквите коментари се ФАКТИ, нема ништо измислено горе, сеа ако сакаш и ние у пакет со тебе да тераме на фатазијата за Бени кажи си, колку да ти се пишуе повеќе на темава, иаме и ние бујни фантазии, можеме. :tv:

Фактите велат, 7 меча дома со Бени, 9 загубени бодови, што е МНОГУ за терен каде Интер незнаеше за пораз многу долго време а истиот дојде од градскиот ривал, 11 мечеви дома со Лео, освоени 33 бодови.

Или не смее на темава да се пишува за главните причини зашто сезонава во Италија скоро и да не конкурираа за титулата само зашто тебе ти смета суровата реалност на Интер од сезонава бидејќи во главна улога за дел од членовиве тука е Бенитез
 
Добивме полесен противник и очекувам сигурен триумф во купот на Италија,ако ништо друго барем нема да останеме со празни раце сезонава!
 
Или не смее на темава да се пишува за главните причини зашто сезонава во Италија скоро и да не конкурираа за титулата само зашто тебе ти смета суровата реалност на Интер од сезонава бидејќи во главна улога за дел од членовиве тука е Бенитез
Мешаш некои работи.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom