Фан Клуб: Интер

Муабетот ми е : Зашто 35 за Гансо\Нејмар , кога може за Санчез... проверена роба во Италија :) , али кој било од овие двајца да земат ке бидам задоволен :)
Да се надеваме дека Лео ќе го направи вистинскиот избор.
Санчез (Гансо) + Нејмар (Тевез) = добитна комбинација :)
 
Искрено јас не верувам дека еден од овие циркузантиве ќе дојди кај нас а ни Санчез богами...очекувам на лето Морати да ангажира двајца играчи од средниот ред ама онака некој безвезни или навидум докажани за во Сериа А..за класа засилување можиме да сонуваме:toe:..ако се ангажира Монтоливо ќе бидам презадоволен од летниот трансфер пазар(а и за него не ми се верува)...сепак до лето можат многу работи да се случат па јас мислам дека сега треба да се фокусираме за дербито против Милан и секако мора да се победи во овој натпревар или најмалку нерешено колку да останиме во трка за скудетото..!
 
Па нит Гансо, нит Нејмар, нит Санчез се класа играчи односно класа засилувања ...
Така да тешко дека некој класа играч ќе доведат, алудирам на некои ко Фабрегас ете, ако може да се нарече он класа од фудбалер односно да се стави во таква група на играчи.

Тимов нема потреба од такви засилувања покрај Снајдер, Маикон, Ето, Милито, Пацини, но има потреба од играчи кои се кадарни да играат во тим ко Интер, кои се кадарни да се носат со тежината на дресот на овој тим.
 
Дај боже да доведат барем двајца средни играчи(какви сака нека се) само да не ги гледам Камбиасо и Дејан како се влечкаат по теренот догодина!
 
Интересно беше неделава бидејки доста интераши дадоа голови за своите репезентации,еве кои се - Камбијасо,Мота,Марига, и поранешниот наш играч Мунтари:pos: a уште поинтересно е што сите играат средина:pos:
 
Морати потврди дека Манчестер е сериозно заинтересиран за Снајдер, но играчот не е на продажба. Се шпекулира за сума од 40 милиони фунти.
Имаме победнички тим кој не смее да се растура. Еден играч во средина и еден шпиц и повторно ќе имаме тим конкурентен на сите фронтови. Продажба на Мунтари, Марига, Милито и Обиња и обезбедени се пола пари за Санчез :)
 
Се повеќе шпекулации за Гансо во Интер http://www.football-italia.net/mar27x.html

199455_10150444218885462_894965461_17631558_5636631_n.jpg


Денес се очекува и менаџерите на Гансо да дојдат во Милано, а од сликава, најверојатно скоро и постигнат е договорот за Санчез, 30м евра, ќе биде тоа бурно лето за Интер, и луда оргазмична наредна сезона. :)

И вчера реков, Ди Натале пред некоја недела потврди дека Санчез 100% си оди од Удинезе но останува во Италија и кажа дека Морати бил '' луд '' по него, така да ... :smir:
 
Продажба на Мунтари, Марига, Милито и Обиња и обезбедени се пола пари за Санчез :)

Мунатри слободно нека се продаде, Марига е одличен за на клупа а и не е стар, Обина ако има 30 гола дадено во кариера, 29 му се на среќа дадени :) Милито под 20 милиона не треба да се даде.
 
Mилито наредна година сигурно не си оди од Интер, а ако замине, ќе замине во неговиот матичен клуб, Расинг, и таму ќе се пензионира, а клубот нема шанса да му застане на тој пат па така од него нема да ќарат многу.
А инаку изводливо е и Гансо и Санчез да дојдат во клубот, Мунтари 8 до 9 м евра ќе ги чини Сандерленд, а не 5, дел од парите од Балотели не се потрошени НО, ако доаѓа Санчез кој ќе кине по таа десна страна, тогаш Маикон летово мислам дека сигурно ќе си оди за цена измеѓу 20 и 25-27м евра, а можно е и заминување на Пандев иако тоа не го сакам зашто и клупата игра значајна улога у тимов.
Али покрај Гансо, Санчез, потребно е уште едно име во тимов, доаѓа и Кастаињос од Феенорд такоџе, него да не го заборавиме, па хипотетички да гледаме за наредна сезона, со Пацини, Милито, Ето, Пандев, Санчез, Гансо, Снајдер, плус младиве играчи и нападот реално ќе биде еден од најдобрите во историјата на овој тим ( so good to be true е муабетов ).
Такоџе и Монтоливо го заборавив, ете ги уствари тие 3 профили на играчи кои на Интер и те како им се потребни, Монтоливо, Гансо и Санчез.

p.s. Снајдер не си оди од Интер, ако прават пари, а мислам дека ќе ги прават ради инвестициите, ќе ги прават од Маикон, преочигледно е тоа.
 
И кај ќе играат Монтоливо, Гансо и Санчез?

- Ето - Пацини - Санчез -
- Снајдер -
- Монтоливо - Гансо -

?

Според мене, Гансо е непотребен, освен ако не го продадеме Снајдер на Манчестер.

 
Гансо не е статик за да игра на една позиција, плус имаше проблеми и со повредите па не верувам дека со него ќе почнат ко да нема утре па да игра на секој меч по 90 минути ...
Постојат системи на ротација, Лео ќе биде на слатки маки али со оглед дека Интер со таков тим ќе изигра бајаги утакмици во една сезона, простор ќе има за сите.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom