Io Sono Interista
The original, one and only IoSono.
- Член од
- 21 декември 2007
- Мислења
- 29.036
- Поени од реакции
- 61.998
Да не почнувам дискусии за Цезар, се изјаснив дека беше за никаде и ќе беше главен виновник за елиминација, среќа се деси чудо.Нема што да се сеќаваме на 2 одбрани, убаво вика Син тоа му е работа како и на секој врвен голман, а вакви киксови како он што прави не го прават Светски голман... не може ни на малото прсте на Буфон да му се фати.
На страна тоа, одбраните му беа вонсериски, посебно онаа со Рибери. Да не беа тие, немаше ни да се вратиме во игра, веројатно ќе претрпевме дебакл.
Мое мислење е дека Цезар врвен голман, кој последниве две години е во криза, не во смисла дека е во лоша форма туку дека прави неочекувани киксови на важни натпревари, додека истовремено брани како луд. Ќе да е нешто психолошки. Паметно би било да се замени со Вивиано пред да биде предоцна.
Во секој случај, многу сум благодарен за се што има направено за тимот. Многу луѓе надвор од Интер изјавуваат дека Жулио вреди 10 бода годишно, мислејќи на неговите неверојатни одбрани во клучни моменти, како пеналот со Бреша на пример. Јас одамна го гледам Интер, можам да кажам дека никогаш сме немале слаб голман, но Цезар е подобар пд повеќето кои сме ги имале.
Секој играч си трпи критика и тоа е нормално, но не смееме да забораваме и на добрите изданија и на крајот, да не претераме.
Цеазр вечерва заслужи секаква критика, но заслужи и пофалби. Знам дека е лудо, но таков е и Интер.
--- надополнето ---
А Сидорф сите со Милан ги освои? Еве и Ето има три! ха!Брат кога ке освоите 4 титули,колку што има сам еден сидорф или малдини тогаш.
