Фан Клуб: Интер

Пак ли да цртам?

Нема што да се црта истиот жолт картон што го доби Коне го доби и Перси 1 секунда беше разликата помеѓу свирчето и шутот а изгледа и овој не го слушна свирчето :)
Поздрав и честито победа искрено навивам за Интер да го земе скудетото , ги мразам Билан !!!
 
Нема што да се црта истиот жолт картон што го доби Коне го доби и Перси 1 секунда беше разликата помеѓу свирчето и шутот а изгледа и овој не го слушна свирчето :)
Поздрав и честито победа искрено навивам за Интер да го земе скудетото , ги мразам Билан !!!
Ај пробај вака:

1. Прво, пробај да го тргнеш на страна фактот дека на едниот стадион имаше ненормална бука а на овој нема. Да речеме дека Ван Перси го слушнал свирчето.
2. Второ, пробај да го тргнеш на страна тоа што играше Барселона. Нека е и Интер, Милан, сеедно кој.
3. Трето, пробај да го тргнеш на страна фактот дека судијата во вакви ситуации има право да покаже жолт картон.
4. Четврто, пробај да го тргнеш на страна фактот дека ова е прв жолт картон, а ако играчот има еден често пати судиите прогледуваат низ прсти.

Разликата меѓу двата натпревари ќе остане оваа: ова е обичен лигашки натпревар, а тој е натпревар од нокаут фаза на ЛШ, со огромно значење за милиони фанови, многу повеќе неутрални љубители на фубалот и конечно, за историјата на овој спорт, затоа што во такви натпревари се испишува. И кажи ми дали мислиш дека е нормално еден таков дуел од таа фаза да биде решен затоа што играч ебено шутнал после свиреж на судијата? Без разлика дали се работи за секунда, две или три. Искрено.

Судиите мора да имаат чувство. Да не ја расипат играта. Да не ја уништуваат играта. Да дозволат натпреварот да го решат актерите на истиот. Тоа е тоа.
 
Лео ставај го Кутињо, а Ето одмори го за Баерн
 
еее интераши што бевте против жолтиот картон на Перси сега што ќе кажете после жолтиот на Коне сосема идентичен !!!
ЛОЛ

Цезар си крена раце, овој шутна после 5 секунди од свирчето, воопшто не е иста ситуација.
 
Значи овој Леонардо да не го мрази Кутињо? Ниеднаш не го стави да игра како замена. Еднаш 45 мин. против Палермо и толку
 
Ок нека биде по ваше не сакам да бидам провокатор по фан клубовите како некои (читај фанови на Реал Мадрид) на форумов само сакав да докажам дека жолт картон се дава по валва реакција а и Колина да беше судија мислам дека ќе му дадеше втор жолт освен претходно ако не го истераше !!!
 
Каква асистенција човече :pos:
 
Некој да ми каже што значеше измената Лусио - Кордоба?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom