Фан Клуб: Интер

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
30.256
Поени од реакции
67.122
F.C. Internazionale Milano

inter1298766521.png

​

Почитувани навивачи на Интер, гости, пријатели, непријатели, добри соговорници и изгубени чеда. Добредојдовте на петтото по ред издание на фан-клубот на актуелниот Италијански, Европски и Светски ШАМПИОН (со големи болд букви зошто некои имаат слаба диоптрија и уште послаба меморија), екипата на Интер.

Како што сите знаете, минатата сезона Интер освои толку пехари, што дресот ни наликува на сликовница (посебно оној со аждајата). Но минатата сезона е минато. Во моментов, не ни оди најдобро, а јавноста проблемите ги лоцира околу два фактори. Едното мислење е дека сме во каша поради претерано ангажирање на луѓе од угостителски и други сектори на места кои немаат врска со таа дејност. Второто, иако од помало значење, не занемарливо, е тоа што му дадовме на оној светски малер Деко да ја отвори предходната тема, по што се отвори Пандорината кутија и се од овде до Милано отиде по ѓаволите. За време на истата, Интер сепак успеа да освои два трофеи, откако ја победи Рома во домашниот Суперкуп и Мазембе во Светскиот куп.

Во каква теорија и да верувате, ние сме тука да ве потсетиме дека Интер е во борба на сите три фронта, а ние како и секогаш сме 100% зад клубот и навиваме за „Галениците“, очекувајќи да не израдуваат со нови победи и пехари. Со почетокот на оваа година се случија некои промени во тимот кои треба да се спомнат: Леонардо стана нов тренер на Интер, Марли падна во депресија, Пацини дојде од Сампдорија и имаше лудо деби, Карја дојде од Џенова, Нагатомо дојде од далечниот исток, Мунтари замина за Ингланд, Мансини за Бразил итн...

Жозе Мурињо и понатаму навива за Интер.

Мало интермецо:

​

За да не одиме со долги воведи кои бездруго можете да ги прочитате и на предходните теми, а бидејќи имаме едно такозвано информативно гласило, ви оставам линкови од:

Состав
Историја на клубот
Стадион
Бои и амблеми
Трофеи

Со надеж дека новава тема колку-толку ќе придонесе клубот да се врати во препознатливата форма, ја отворам и ве повикувам на добри, конструктивни, интересни дискусии и дружење.


Ваш,
IOsonoINTERISTA
(барем додека не сменам ник.)
 
Ајде ја прв,во оваа тема идеме на одбрана на титулата во Сериа А!
 
Ајде нек се угоде,, со новата тема очекувам и подобри резултати. Доколку после темава формата драстично се зголеми Деко има да го јадеш од 20тина интераши :)
 
Второто, иако од помало значење, не занемарливо, е тоа што му дадовме на оној светски малер Деко да ја отвори предходната тема, по што се отвори Пандорината кутија и се од овде до Милано отиде по ѓаволите. За време на истата, Интер сепак успеа да освои два трофеи, откако ја победи Рома во домашниот Суперкуп и Мазембе во Светскиот куп.

Најјако !! :pos:
 
Иначе ако не приметивте,првиот пост во 1000 страна ја што го пишав беше " ЗАТОПЛУВА ВО МИЛАНО" ! Кои беа шансите:pos:,али сепак на крај се надевам ке се исплати!
 
Иосоно.....DZVER:vozbud:.....секоја чест за воведот кој има поврзаност со се, но не и со фудбалот..(Деко стајл ,i like that:):)).. и се надевам дека со ова иновативност дека ќе се вратиме на старите патеки кога во овој фан клуб се дискутираше за фудбал и само за фудбал(добро де можи и по некој мрсен офф топик:))...и да ,трофеи да си прославуваме и во оваа тема....
zanetti-298x493.jpg


ОЛЕ ОЛЕ ОЛЕ....
 
Остајете го Деко . Се убивме ос освојувње титули со него . А сеа со Иосоно да освоиме Серија А , друго не барам :):)
 
Почитувани навивачи на Интер, гости, пријатели, непријатели, добри соговорници и изгубени чеда.

:pos:

Ај честито тема, нека лошите работи ви останат во онаа црна дупка :)))
 
Ајде утре со победа треба да почне новава тема. Васко сега кога ќе види дека има нова тема, прогнозата за цела недела ќе ни ја
кажува, а не вака ден пред утакмица.

Forza INTER
 
Ај, нека ви е честито темава. Да си прославите победи и титули(во Италија) во оваа тема, иако како што вие знаете, најверојатно ќе ја исполните додека да заврши сезоната.

P.S.
Поздрав:
sprinkler-head-480.jpg
 
Але, але, але, але, ИНТЕР шампиони се!
Але, але, але, але ИНТЕР најдобри се!

Нека ни е за арно новата тема, утре веднаш ја сефтосуваме со победа!

Campioni d`Italia! Campioni d`Italia! Campioni d`Italia!!!!!!!

п.с. дозволено е ова на новава тема?
 
извинете за офф топикот но песната е убедливо најака..
..посебно на начинот на која е изведена......


јбг неможев да одолеам:pos:
 
Кога стигнавте бе... :)

Ајде, запалив свеќа да не тргне лошо као со претходната тема и барем на првава страна не му давајте на Деко да пише пост. :wink:

Нек се угоде.
 
Back
На врв Bottom