Фан Клуб: Интер

12 мајки да му ебам јас на него, напаѓач пенал не може да удене. Нека прифати таму 10М или нека се пакува.
 
Не е алчен Лаутаро. Добро знае дека Марота никогаш нема да му даде 12м. Ако навистина бара толку, тоа само значи дека решил да замине и тука не може ништо да се направи. Поголем проблем за него е што тешко дека ќе извадиме добра пара со оглед на тоа дека не е конзистентен и ризик е за условно речено поголеми клубови од Интер, да го потпишат. Да не се разбереме погрешно, кога е во форма е ѕвер а и кога не дава голови врши огромна работа на терен во системот на Инзаги. Но напаѓачи се земаат за голови, а напаѓачи во топ екипи треба да се убијци кога играат клучни натпревари, а Лаутаро тоа не е.

Би сакал да остане во Интер но ако решил да оди нека му е со среќа. Добро е ова да се реши брзо за да не ни се повтори ситуацијата кога го дадовме Џеко па Лукаку го фатија бубачките. Со оглед дека има интерес и за Турам, добро е да се знае кој оди а кој останува. Би било добро и двајцата да останат, за оваа лига се топ, но како и секоја година некој од најдобрите ќе биде стопен.
 
Како бе така до вчера све беше договорено за 9 милиони плата, дури и самиот кажуваше дека сака да остане тука, убаво му е, навикнале у Милано, капитен е, за денес ете некој на твитер да пише дека 12 милиони бара. :D
 
Како бе така до вчера све беше договорено за 9 милиони плата, дури и самиот кажуваше дека сака да остане тука, убаво му е, навикнале у Милано, капитен е, за денес ете некој на твитер да пише дека 12 милиони бара. :D
Читај ги изјавите на агентот и ќе ти стане јасно. Имаш на фудбал италија. Вели дека работите се смениле. Прави споредби со Халанд и Мбапе. Вели дека мора да размисли, да види што како со Американците, дали ќе вложувале во клубог или не. Постојано повторува како Лаутаро е верен на Интер, ама...

Меѓу редови кажа колку е часот. Проблемот е што малку блефира затоа што нема понуда од друг клуб, но вели и дека "Лаутаро е задоволен со договорот до 2026 каков што е". Со други зборови, или покачување какво што бараат или уште две години па слободен трансфер.
 
Ова почна уште од март, неговиот агент даваше слични изјави уште тогаш, само сега од 10 милиони ги покачил неговите барања на 12.

И Лукаку даваше изјави дека е во ист кош со Левандовски Бензема итн. ама се посра во финале на ЛШ. Лаутаро исто така не може сам да се споредува со Хааланд и Мбапе како што сега се споредува. Не се покажа никогаш во ЛШ а секоја година е неконзистентен.
Автоматски споено мислење:

Вели дека мора да размисли, да види што како со Американците, дали ќе вложувале во клубог или не. Постојано повторува како Лаутаро е верен на Интер, ама...

Ова многу ме нервира, истото и Конте го кажуваше пред три години, демек клубот не вложувал за да биде на неговото ниво. И што направи Конте? Си отиде и после неколку месеци потпиша за Тотенхем и се посра.
 
Последно уредено:
Глуп е Лаутаро ако стварно давал такви изјави преку агентот. Шкрињар се курчеше и ене го заврши како резерва во ПСЖ.

Лукаку се курчеше на два пати и ене го сега игра лига на конференции.

Хакими до душа сам не сакаше да си оди ама после имаше изјавено дека одма би се вратил во Интер.
 
Само за Хакими ми е жал, другите што си бараа си добија. Лаутаро барем е другар со Икарди, од прва рака треба да знае како ќе поминат преговорите со Марота.
 
И да си отиде Мартинез, немам гајле. Ќе се засилиме со еден друг напаѓач Аргентинец.

Жоакин Кореа каменот каменосан
 
Ако фрлат 30 милиони за 30 годишниот Ди Лоренцо треба да се луди. Дамфриконот е Маикон за Ди Лоренцо а ќе го продаваат за 35 милиони.

Ако сака да си оди Лаутаро нека кажува додека можеме да го земеме Зиркзе за 50-60 милиони пошто после ќе биде касно.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom