Фан Клуб: Интер

2 многу битни работи денеска.
1 - Болоња се до оваа утакмица буквално гази у италијанско, изненадување на сезоната, игра предобар фудбал, ем дома беа пред нивните навивачи. Интер им ја издиктира цела игра, колку направија простор се им беше исконтролирано на Болоња, ако одлучеше Инзаги денеска Болоња центар да не помине немаше да помине, тотална контрола.
До голот на Интер, ако гледате хајлајтс, само Интер е тој што игра, Болоња трча насекаде само да покрие и пак прави грешки оти не знае како да покрие кога наш одбранбен играч претрчал цел терен за да влезе у шанса, а шпицот и средниов ред ни стојат на 30 метра држат простор. Бисек влезе за голот како у кафана, никој немаше до него. На Хајлајтсот, одбранбениов од Болоња пада у шок, си вика кој кур вампиров бара овде.
Генерално, само еден или два кикса имаше назад во играта што ме води кон вторава работа.

2 - Зиркзе што има фантастична сезона и е на радар кај сите гиганти, имаше само 1 шут на голот и тоа по наша грешка, остатокот од времето се враќаше до центар само за да прими топка. Да не се вратеше ќе немаше допир со топка освен кога изведуваат од центар, ниеден дриблинг не му помина на батето.

Голема победа е ваа денеска, Болоња не заеба 2 пати сезонава, еднаш у купот, еднаш у лигата, вечерва им направивме да осетат како е да играат со новиот шампион издоминирани до максимум и притоа Интер им ја остави топката, на еве играјте да видите дека нема да дадете гол, не се ни обидуваа да задржуваат време со вртење топка околу голман. Најверојатно спремаат одбрана за со Атлетико во случај кај нив да е поседот.
 
Ова вчера веќе беше победа на авторитет, страв во коски кај противникот, демонстрирање сила и покажување кој е кој. Со 20% од силите тепавме плус сите играчи ни се одморени за со Атлетико. ГАЗИ!!!!
 
Со Арнаутович и Турам има нешто инфо? Или тактички беше тоа од црниов?
 
Со Арнаутович и Турам има нешто инфо? Или тактички беше тоа од црниов?
За Турам пишаа удар дека добил и не било страшно, го рогнале малце.
Арнаутович веројатно истата повреда што ја имаше пред некој месец само да се види до кој степен е истегнувањето.
Карлос Аугусто имал проблеми со листот и затоа искочил на полувреме
 
Интеристи, сакам на 14-ти Април да одам на мечот Интер - Каљари меѓутоа картите за продажба од страната ги пуштија на 8-ми Март и вчера отворив на страната да проверам за да купам и видов дека немаше ниту една преостаната карта. Со Емполи уште има преостанати карти на страната а играат на 1-ви Април, разликата е две недели.

Зарем е можно сите карти да се распродале во еден ден и тоа со смрдливиот и небитниот Каљари?
 
Арнаутовиќ ќе отсуствува 2-3 недели, а Карлос Аугусто 7-10 дена.
 
Штета за Аугусто. Другиот може до крај на сезона да одмори што е до мене.

Инаку не знам, ама Ди Марко како да изгуби ритам од финалето во Саудиска Арабија. Ги нема одличните нафрлања во серија, и кога ќе се најде во гол ситуација не е убедлив како порано. Некој благ пад на форма има, ако сум скромен. Се надевам дека со Атлетико ќе го видиме во вистинско светло.
 
После викендов има репстативна пауза така да Карлитос ќе биде спремен за епскиот спектакл против Емполи, клучната утакмица за оваа сезона каде победа е преку потребна. :misticen:
 
Нешто ден молк имате пред утакмица, како пред избори или шо
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom