Фан Клуб: Интер

Ќе биде крваво ако играме со вас во полуфинале :) со среќа.
 
Они немаат врска со ова, ова иде стриктно преку УЕФА за неутралните гледачи, тимовите во финале што играат добиваат подеднаков број карти за трибините позади гол недела дена пред финалето, или недела ипиол, сеедно.

Мене ми е тоа јасно, ама стварно глупаво е само недела дена пред утакмица да има карти, бар некоја резервација да имаше или сл.
 
ај да ве разочарам сеа
челзи мора да игра во финалето
шо значи ако се падниме со челзи НАЕБАВМЕ

Нели треаше Челзи да се падне со некој од слабата тројка?
 
Нели треаше Челзи да се падне со некој од слабата тројка?

jбг преку појакиве ќе оди
не се секирај пак ќе освој
син...
челзи мора да оди во финале оти јас го имам играно на 20 000 ШАмпион 5,5 коеф :)
кирца , не ти велам дека е местено не се нервирај одма кулирај си
а тоа дека и лани морало да не тепаат рутински....лани за лани ...ќе видиме годинава :)
сепак и да паднеме со нив полуфинале јас си навивам за нас покрај тоа што имам играно на челзи
 
Манчестер или Челзи кој и да падне нема да биде лесно,шансите се 50 - 50 да поминеме во 1/2! Со малце среќа финалето и тоа како е возможно,само Цезар да не направи некој кикс тоа ме копка!
 
ајде швабите годинава ќе ги намаваме :vozbud:
прво вердер, па баерн уште шалке и со среќа нека му е третото место после на џерманциве :)
 
Мене ми е тоа јасно, ама стварно глупаво е само недела дена пред утакмица да има карти, бар некоја резервација да имаше или сл.
Не е глупаво од проста причина што приоритет за тие карти се фановите на Интер од Италија, а не оние ширум светот. За тие карти во финалето можеш да дојдеш само ако ноќеваш пред некоја билетара во Милано или ако имаш некој у Милано што ќе може тоа да го прави место тебе.

На место си е тоа, нема логика позади гол да седат некои анонимуси место Курва Норд и луѓе што редовно ги гледаат Интер во текот на целата сезона.
 
Манчестер или Челзи кој и да падне нема да биде лесно,шансите се 50 - 50 да поминеме во 1/2! Со малце среќа финалето и тоа како е возможно,само Цезар да не направи некој кикс тоа ме копка!

Aбе остај ти тоа, и лани имавме само 10% да поминеме со Барса па знаеш како заврши.

Не се знае тоа, моментална форма, среќа, моменти решаваат.
 
Дечки не се палете дотолку ми звучете како Миланезите кога се паднаа со тотенхем......Шалке иако се во криза сепак не се некоја третокласна екипа туку така да ги поминиме...добро е тоа што играчите и Леонардо не размислуваат како вас иначе ќе испадневме уште по првиот натпревар..полека пополека се достигнува успехот исто како минатата година...добро е тоа што не ни се падна некој од гигантите поради тоа што вака против Шалке ако обезбедиме барем минимална предност пред реваншот во гелзеркинхен можиме да се сконцентрираме и во домашното првенство..само да не прати среќата никој да не се повредува и одиме кон одбрана на титулите......Иначе слободно можам да ви соопштам да уживате во натпреварот Челзи-Манчестер бидејќи според мене ќе биди вистински спектакл за неутралните гледачи..без разлика кој да ни се падни од овие две екипи во полуфинале(ако го елиминираме Шалке секако) ќе биди пеколно тешко и ќе треба голем напор од играчите за да се стигни до посакуваното финале во Вембли...јбг полуфинале е...
 
Леле колку јака ждрепкаааааа

Шалке се лесни, во полуфинале ги сакам Манчестер зашто се тим што ни одговара повеќе(иако играат преку крила, го немаат веќе Кристијано), одбраната без дуото Рио - Видиќ им е многу слаба, средината немаат некој креативец, така да ќе бидат полесен противник од Челзи.

И во финале, во Финале го сакам Реал, да му докажеме дека згреши и дека не може со секој тим да се освои ЛШ :)
 
Страв ми е од Шалке, Бундеслигаши се...
 
Џони, после твоите убедувања тука пред вториот дуел со Баерн имаш право да м'чиш ! Шт ! :icon_lol:
 
Точно е дека не треба уште од сеа да се радуваме за во финале,али не сме ние криви што ждребката ни даде посакувани противници! Реков нема да биде лошо и да испаднеме во 1/2 сепак пак сме стигнале далеку и тоа е успех,а веќе ако влеземе во финале и не освоиме мала утеха ке биде што сме освоиле лани! Интер најмалце може да изгуби од сите екипи бидејки ја брани титулата,другите мечтеат по тоа као ние што мечтаевме 45 години лани!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom