То е, гг.
Начелно многу ме радува играта, 4та утакмица од сезоната, нормално е да не функционира све глатко, ама идеите на Киву се одлични за гледање, да се подобри само ефикасноста и овој Интер има потенцијал да стане машинерија.
Криво ми е многу за киксот на Мартинез, пошто дечкото из-га-зи со одбрани во остатокот од мечот, ама во секој случај е добро што не му се одрази премногу на самодоверба.
Проблемот за мене останува централната штоперска позиција, Стоунс е ваљда најдоброто решение иако се' уште го немаме видено полни 90 минути таму. Аканџи ептен го јаде во повеќе наврати во Серија А, а Бисек не е тој профил на играч за да покрива. Имаа денес и Павар и Бисек неколку одлични интервенции иначе, само мора да има еден штопер кој ќе биде стабилна потпора, не може одбраната да се базира само на клизачи во последна секунда.
И да, не е лошо некогаш само да се спичка топката у курац и да се расчисти.
Си стојам на тоа што го пишав пред сезона, свесно (ќе) се игра похазардерски, не се плаши Киву да прими некој гол, а изгледа тимов способен да врати, и играчки и карактерно, шо е супер.
Од Куртис засега ич не сум импресиониран, ама ваљда има причина зошто Киву го форсира, ќе видиме со тек на време, не знам.
Како и да е, можеше подобро, можеше полошо, бериќат, одиме понатаму.