Палестра е еден од јаките италијански потенцијали затоа Марота го сака тука, зашто во глобала сака најдоброто што моментално егзистира во Италија, да игра у негов тим, според ГДС играчот не сака да ја напушти земјата и да оди во друга земја, Леони лани така напраи, требаше кај нас, Ливерпул дадоа повеќе, искина лигаменти инстантно цела сезона аут.
Интер според истиот весник, не сака да оди поише од 45м, што и тоа е многу за ваков играч ама ај. Ќе видиме што ќе искочи од ова, овие така се заебаа и со оној Скалвини, исто огромен талент, исто голема желба на Интер, го тегнеа у екипа сакаа да му порасне вредноста и пред ЕП искина лигаменти на најнебитната утакмица сезоната за Аталанта, откако освоија ЛЕ и играа за џабе со Фиорентина.
Интер се во незавидна ситуација после Џанго, тоа го знае и Аталанта, од друга страна 45м за играч што никад не им ни играл у тим е повеќе од доволно за нив, над 90м ќе земат само од Едерсон и Палестра. Со тие пари и нивната манибол стратегија, 3 до 4 играчи можат да упецаат.