Фан Клуб: Интер

Сто асистенции направи Димарко вечерва, како не бевме малце подобри во завршницата, ќе беше 4 нула до сега.
 
@Syn ama tebe cim te nema nisto da pises ti si bil na meaca, aj aj... baska i slikine pred utakmica sto gi stavi demek ne ides i na kraj otide. Kako bese atmosferata?
 
Потценети од цел фудбалски свет, те ради ланската сезона те ради фактот што дојде Киву со стаж како главен тренер од месец ипол, те ради фактот што имаа многу лошо трансфер лето. Све се препишуваше на тимов само не ваков успех, тоа е факт, и фан базата беше на самото дно, ја почнавме сезоната со една победа, пораз дома од Удинезе и тежок пораз на гости против скапаниот јувентус, 3 бода од можни 9 а после неколку кола следеше и пораз од Милан. После тоа почна нашата шампионска серија, тивко, без многу врева, Киву си работеше на реанимација на тимов, се дистанцираше од сите можни притисоци и напади, и на крајот достави, а има уште еден трофеј за освојување.

Реков и пред неколку месеци, од фудбалска гледна точка Киву за нас направи чудо, имавме сезона која претходеше на оваа како ретко кој тим што до сега имал, во сам финиш отидоа сите 4 трофеи за кои Интер се бореше, удар по удар по удар, тимот беше доведен до клиничка смрт, за мене ова е чудо, и Киву со оваа сезона веќе го има статусот што и Мурџо у мојот интерашки живот го има, без разлика како ќе му се одвива остатокот од неговата кариера како тренер на клубов.

Како што рече и Мурињо пред некој ден, Киву е многу (фудбалски) интелигентен, и тоа нам ни го донесе овој успех сезонава, виде со што располага, не глумеше лудило да измислува топла вода, клубот не достави на трансфер пазар, се реши на оди со она за кое овој тим беше кроен уште од времето на Конте, двајца трипедваши по ред тренери, не се реши драстично ништо да менува од тој аспект. На обичниот фан тоа му сметаше, ама било каква осетна промена тука за нас ќе беше деструктивна, ќе значеше губење на едно 10 до 15 бода дур да се прилагодат на сите тие промени, едноставно тимот не беше способен тоа да го издржи, не после такво трансфер лето и не после таква очајна сезона.

Максимално го екслопатираше фактот што во клубот со години владее единство меѓу играчите, инстантно ги среди работите меѓу Хакан и Лаутаро од летово, и се фати за работа, епилогот е она што денес го гледаме.

Малкумина се всушност свесни колку беше тешко ова да се изнуди после сите овие параметри кои во глобала налагаат безтрофејна сезона за било кој клуб, обичните фанови ќе речат па ок, го имаше најакиот ростер, што во фудбалот никогаш ништо не значи, за тоа на крај краева и Интер со Инзаги е типичен пример колку тоа не е точно. Дел од најлегендарната триплете генерација во наша историја, а сега дел од истата и како главен тренер, Киву веќе е легенда на тимов, кој што сака нека каже, и апсолутно го заслужува тој статус од денес па нагоре. На управата е сега префрлена топката за да конечно и они достават, за да овој клуб биде способен на долг рок да се бори за големи трофеи, а што се однесува на моменталниов тим, нека олабават со славјето, има уште една титула за освојување, со тоа Киву да стане и прв дебитант во историјата на Интер како тренер, што успеал да освои двојна круна.

:oleee::oleee::oleee::pijanco::pijanco::pijanco::pijanco::pijanco::pijanco::pijanco:
 
Премногу сум среќен и ме мрзи сеа да горам одредени особи, а иначе заслужувате да бидете изнесени на пиадесталот на срамот за се што зборевте пред и во текот на сезоната.

Голем е Интер, 21 Скудето, како што реков пред 10тина дена идеме на 10ти куп, да правиме дабл дабл.
 
На три кола пред крај да освоиш титула со дебитант и неискусен тренер, ставрно браво!

Плус што екипата е видно истрошена и лани го јадеше бламот во финалето, поточно им се деси распад на системот при крајот на сезоната!
 
Back
На врв Bottom