Ние сме можда најголемата будала од тим, Киву денес имаше 1 тон среќа инаку све идеше на негов грб денес зашто вакво реми ќе беше рамно на тежок и срамен пораз за нас. Си иам кажано на самиот себе, многу ми дал Бог што ги склопил коцките да навивам за Новак цел живот, ама и ми ја ебал мамицата со Интер, и така уствари ми се избланасирал животот на овој план.
Зашто не менуваше после вториот гол? На што личеше онакво нешто што се издеси при израмнувачкиот гол на јуве, всушност двата гола на јуве се срамно примени и истите и на тренинг не смеат да се дешаваат не па на ваква фудбалска сцена.
Сезонава нека си ја истера Киву вака, 352 полека треба да заминува во историјата, ова е систем што умира во овој спорт, само ние и уште пар тимови умрени го одржуваме во живот, најмногу ова се гледа у дерби средби каде противникот е кадарен да напаѓа и да има посед, да врши висок пресинг и слично, ние се мачиме, се мачиме како стока, а кога ќе издиши екипава и кондиционо ќе умре од смрт, е тогаш се дешаваат бламови слични на оние у второ кога јуве сериозно се заканија во неколку наврати, а имаа играч помалку.
Пио е клач играч, Зиелински исто, господ здравје да им даде што донесоа ваква злато вредна победа, на крајот ние тоа го памтиме ама Киву и те како треба да си стави прст на чело и да подразмисли многу добро како треба да се развива тимов во иднина. Ништо не го кошта еднаш да проба 4312 формација со вакви играчи какви што има во средината, и со Аканџи и Бастони назад. Прилично сум и убеден дека ако ова го проба место оваа 343 формација, која на хартија делува офанзивно, во пракса, се дешава она што се деси со голот на Локатели, Интер од една страна и би бил многу поопасен во нападот, од друга нештата на терен ќе делуваат далеку поизбалансирано и одбраната нема да трпи.