Сите слабости кои ги има Киву денес му излегоа на површина, прво туракот не требаше да стартува, рано му е после повредата и неиграњето прво коло, второ, тотално поинаков пристап против друг противник што искрено не го очекував. Вакво глумење лудило и тактичар не ти поминува денес у фудбалот, изостана високиот пресинг изостана све што го играше со Торино и пријателските, не мора да се објаснуе вака така мислел, врса немаше ова што денес го достави од старт, на ништо не личеа 90% од мечов.
Не би по играчите, денес тренерот све што можеше да промаши, промаши, добри беа само оние 10 минути у второ до поништениот гол кој психилошки ги уништи играчите, и тоа беше тоа, по тој момент 0 шанси за гол. све едноставно беше нула, она со 4 напаѓачи на крај ништо не значеше, на хартија делува офанзивно, у пракса не иде, ниеден од нив крилно не се снаоѓа, ниеден не се врати у средина да биде некаква врска у транзиција, ништо од тоа, јалово напаѓањ кое до утре немаше да донесе гол.
Ако баталиш навивачко лудило и слепило, тимов не е комплетен, и тимов има апла неискусен стратег кој верувам во иднина уште неколку пати ќе има вакви тотални промашувања ко секој руки тренер што има у кариерата. Фали еден универзален напаѓач зашто у моментов со само 1 сме таков на клупа, фали одбрана минимум еден играч, утре завршува трансфер рок така да ништо од ова нема да се реализира. Реално, годинава е фрлена у бунар уште кога се бираше тренер и кога јасно ни ставија на дознаење кои се изборите, штета ама тоа е реалноста, меркатото само го забетонира ова, не верувам дека при здрав разум Марота верува дека со овој ростер и овој тренер може да иде на титули.
Kога бизнис интересите се ставаат пред тимот, и други игри се играат во позадина, ретко било кој клуб на долг рок може да има успеси, после сезона ко ланската каде ништо не си освоил и си имал дебакл во финале од ЛШ, и одговорот на тимот е онаков како нашиот, еве, после 2 декади гледање фудбал на повеќето од нас тука, што истото треба да наложи? Треба да спуштиме малце очекувања, до некое консолидирање на екипава горе што нема да се деси у скоро време.