Фан Клуб: Интер

Костич стварно те прашувам, без заебанции и слично, што имаш против Интер?
Нема ништо против Интер, има против мене дека го имам банирано 100 пати и мисли дека ако замара кога ќе изгубиме натпревар, ќе ме изнервира. Тој не знае дека ти и Стефан ме нервирате 1000 пати повеќе, па никому ништо.
 
Нема ништо против Интер, има против мене дека го имам банирано 100 пати и мисли дека ако замара кога ќе изгубиме натпревар, ќе ме изнервира. Тој не знае дека ти и Стефан ме нервирате 1000 пати повеќе, па никому ништо.
И мене ме мрази бе, ми праќа нон стоп пораки со слики од Родри, еве сеа вчера од Чоло онаа слика јајца кога им вадеше на Јувентус, од Ѓоковиќ, 24>22 итн. А да, и слики од паднат хеликоптер знае да ми прати, ради Коби. :pos: Не е арен дефинитивно, како не го мрзи да прави 40000000 профили не ми е јасно.
 
Не можам да издржам уште ме боли поразот, како ли ќе преживеам...

Уште сега ако ми стави на постов 'хаха' ******** од 50-тиот акаунт мислам толку дека е.
 
По окапан одамна не сум бил после пораз. Се посра Инзаги максимално. Ајде до 80та го разбирав што игра, чекаше контра а и овие не беа нешто силни со притисокот, за очекување беше и да издржиме. Можеби и толку е силата и неможеме да трчаме напред назад 90 минути. Ама никако неможам да ги сфатам замените, и ставањето на 100 дефанзивни магарина и играње без средина. Ајде кога си решил да играш бункер окс, ама бункер не е само стави 100 во одбрана и надевај се госпо рака да стави за да издржиш. Кога си одлучил да играш бункер треба да кинат оние ДМЦ позициине, плус да се влечкаш да маваш да лежиш на земја по 2 мин.
Овај го избушија на 2 пати во 3 минути по средината, на пеналтик.
0 тактика во последните 10-15 минути. ДНО.
 
Читам денес спремаат инјекција у напад за следно лето, не биле задоволни од Арнаутович (изненадено емоџи). Наводно Болоња за Зиркзе бара 35-40М, уште понаводно сме биле заинтересирани. Ако успее кривоокиот да го нареди како Фратези, на 2 годишен кредит со животно осигурање вклучено кец на 10 би било тоа за нас.

А Арнаутович и Санчез магла. Прати ги у Монца по мирни пензионерски денови.
 
Screenshot_20240314-160541_Facebook.jpg
Дека се нема пристап до другите теми, мора овде во змиското дувло.
Колку само среќен е за освоената Лига Шампиони во 2007ма, тренеро ваш. Шо убо му стои црвено црната света боја. Катилите ќе речат дека нема освоено Лига Шампиони.
 
Прегледај го приврзокот 409717
Дека се нема пристап до другите теми, мора овде во змиското дувло.
Колку само среќен е за освоената Лига Шампиони во 2007ма, тренеро ваш. Шо убо му стои црвено црната света боја. Катилите ќе речат дека нема освоено Лига Шампиони.
Ти бе што си дошол овде? Ај седи си таму у дупката.
 
Јас не памтам утакмица без замена ДиМарко - К.Аугусто. 60-65та минута.
Без исклучок.

Да беше фит Аугусто друг муабет ќе правевме денес... али јбг.

Слично и за десно, Дамфриз/Дармијан.

ДиМарко клапнува и изгледа ко да ќе го ебат. Захтевна позиција или не, толку му е силата. Вчера не можеше повеќе. И Бастони џогираше во ситуација кога изгуби топка доле кај аут линија, што алудираше дека и он нема душа.

ДеФрај изеде лекција од Депај, му се загради у 16ец внатре и го исфрли од игра.

Очаен беше вчера, може и најлош.
Извиси и у прво пол. кога Мората шутираше со глава и Зомер одбрани.

Тие што промашија пенали секако се за у ѓубре, не ради пеналите секако, ама некако си се направи "природна селекција". Санчез не го можам. Антипатичен ми е до макс. На Енфилд пред 3г направи црвен на 0:1 после евроголот.на Лаутаро, другиот напад мислам беше... идиот умислен, мисли дека е фактор а е тешко дупе.

Лаутаро не се рачуна, уште ја бараат топката низ Мадрид...

Еј, напаѓач толку да не знае да пуца пенали стварно не памтам.

Тоа е другари. Боли поразов дека знаеме дека сме боље екипа од пацериве, ама живот иде даље.
 
Неискористена доминација и само минимална победа од Милано, киксот на Павар кој ги врати Атлетико психолошки во мечот, пропуштените зицери на Дамфриз, Тирам, Барела, прераните замени на Инзаги, едноставно се собраа премногу фактори за да се помине понатаму во ваков ЛШ двомеч, сами си се отпаднавме, тоа е тоа, здрави-живи. Млад е тимов и има уште години врвен фудбал во нив.

Сума сумарум, ~65 милиони инкасирани од ЛШ годинава, бериќат, можда ќе капне сепак некое асолно трансферче летово.
 
Читав дека агентот на Лаутаро Мартинез плаче дека Лаутаро заслужува подобри соиграчи, лош знак за неговиот нов договор за кој побарува 10м€ нето годишно.

Не би сакал да си оди, ама дури и да дојде до тоа, секој е заменлив. Икарди и Лукаку таа лекција веќе ја научија.
 
До кога му е договорот на Лаутаро ?
Излегоа шпекулации дека Атлетико ќе пазари класа напаѓач, се си мислам дека ќе пробаат пак да го наговорат за трансфер.
Атлетико има кеш да му понуди повисока плата, плус Аргентинец и е по мерак на Чоло.
 
До кога му е договорот на Лаутаро ?
Излегоа шпекулации дека Атлетико ќе пазари класа напаѓач, се си мислам дека ќе пробаат пак да го наговорат за трансфер.
Атлетико има кеш да му понуди повисока плата, плус Аргентинец и е по мерак на Чоло.
Уште си тука ти? Не се секирај, до 2026 има договор и нема да иде кај вас Лаутаро. Вас пеналџии ви требаат :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom