А каков е? Играч со дабл дабл статистика кој работи премногу и во дефанзивниот дел не е добар? Кого ќе земевме ако го изгубевме и него прошлото лето? Сеа јбг ако мислиш ти на Меси и Нејмар тип на играчи што можат све да направат на теренот тогаш не е таков, ама дека е класа напаѓач тоа си стои и тек ќе станува подобар. Замисли Џеко и Кореа да ни беа стартери, 30 гола немаше да дадеме цела сезона. А еве Дамфрис на пример сосема коректно покрива на десната страна, ок факт е дека не е Хакими ама не сме умрени и летаргични по таа страна. Од друга страна Хакими е непрепознатлив веќе втора сезона по ред, а игра во дрим тим. Јебига, тука веројатно не е до самиот Хакими туку до канцер средината наречена ПСЖ со еден куп ѕвезди и умислени лиглиња, али впечатокот е тој.
Не велам дека е добро да го изгубиме и него. Каде напишав така? Само престанете да го пумпате кога ќе има некоја солидна утакмица а да ве снемува кога се врти како вентилатор во наредните 4-5 утакмици.
Тоа што го вика Телфорд дека сме чекале 1-2 лоши утакмици и да го хејтаме не држи вода воопшто. Имаше пост од колку утакмици без даден гол? Нешто посебно нафрлени му бевме? Повеќе по Инзаги се плукаше колку што памтам. И сеа има 1-2 утакмици како онаа некни, па ајде ќе го правиме Мбапе. Бог и батина.
Единствено нешто што стварно вреди да се пумпа за него е таа играта и пожртвуваноста во одбрана.
Стварно е за фалење тоа, уорлд клас. Не го играат тоа сите напаѓачи па вреди да се пофали.
Нормално дека ќе има дабл-дабл статистика кога е шпиц во тимот со најдобра средина и одбрана во Сериа А (според многумина од вас на темава). Не го правам јас дека е Кореа, туку дека е далеку од тоа што сакате да го прикажете, играч кој што ги решава утакмиците и на свој грб ни носи еден куп бодови. ЛИДЕР. Ете тоа, НЕ Е.
Ете провери изминатата сезона колку утакмици реши братов? Па сите посериозни утакмици гооловите ни беа со голови од корнер на некој од дефанзивциве или некои умрени голови од играчиве на срединава.
Како така играчиште како него да има такви дупки? Еве го Влахович кој што вреди 70-80 (за разлика од 100милионскиов) еден куп голови се изнадава при најумрената средина на Јуве во последниве 10 год.
Eве и сезонава проверете слободно. До оваа некни против Фиорентина, имаше голови против Специа, Кремоненсе и Салернитана. УАУ, импресивно. Единствени голови против потешки противници се тој против Лацио кога не столчија и на Кампот против Барса.
Страшилиште статистика за шпиц во најдобриот италијански тим, 100 милионски перформанси дефинитивно.
Нема да се убедиме секако, џабе дискутираме.
Мојот став е следен. Дека можеме да купиме нешто за ефтини пари што ќе го замени, НЕ.
Дека не вреди ни приближно на 100м, не вреди. Играч кој што не може да издрибла еден вс еден и да даде гол од полушанса никако не вреди 100м. Значи не го очекуваме тоа штто го прави Мбапе, знаеме дека на прсти се бројат таквите играчи. Ама играч каков што сакате да го прикажете дека е, не се прпела при секоја контра, и од контра да прави полуконтра или да бара фаул. Едноставно толку му се можностите, не е и тој крив.
Толку.