Фан Клуб: Интер

Не е толку лошо, глејте на позитивната страна.
Покажа карактер Инзаги, ги седна на клупа Барела, Дефрај и Ханданович.
Да се знае кој е кој у клубов !

И му благодарам што ги седна Де Фрај и Ханданович да не јадеме бламови со нив.
 
2-0 gubime, trojca defanzivci vlegoa u igra od klupa. :eek:
 
Ја спукале со Барела работава, а?

Сто посто. Он требаше да биде првата замена.

@Syn не знам кои измени ги очекуваше? Ако го тргнеме Барела на страна сите останати неискористени замени се дефанзивци.
 
Ако ја имаат спукано, проблеми ќе му излегуваат со тек на време, ништо чудно да ја изгуби контролата во соблекувалната.
 
Соблекувалната на Инзаги му е одамна изгубена, се гледа по залагањето на играчите. Налетав на статистика дека сме меѓу последните 4-5 екипи у Серие А по истрчани километри, нешто што кај Конте беше незамисливо, го ораа теренот.
 
Лошо од секој аспект. 3 порази од последните 4 дуела. Време е за затворање на екипата во некое планинско село и само строго на леб и сол наредните 3 недели за сите останати 4 кола до паузата. Нема ли 4 од 4 нека спремаат отказ за Инзаги, нема оправдување.
 
Немаме спас додека тука се жолтиве од Кина.

Факт е дека Инзаги е гомно од тренер, но што друго требаше да влезе од клупа, Ханда?!

Немаме капацитет и тоа е факт, видовте и сами овој Кореа од 11м цел гол промашува, пенал топка...
Дамфриз грам текника да ти немал просто глуп играч, сам да го оставиш не ке може пола саат да се сврти кон противнички гол.
Лаутаро мисли само како да се турка со противнички играчи а не како да се намести на шут.
Турчинот е депресија од човек, потона од кога Милан освои титула, сезонава незнае ни сам кај се наоѓа.

Единствена светла точка малце беше голманот Онана, кој беше солиден поготово во прво полувреме, другите сите дрва.
 
Овој ја изгуби соблекувалната скроз, мислам дека светско чудо би било да ја задржи работата у скоро време. Мислам дека Јуриќ ќе му пресуди у сабота и тоа ќе е тоа.
 
Ете го и стефан се јави со јака анализа и сеа може да си легнуваме полека :D

Sent from my SM-G975U using Tapatalk
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom