Фан Клуб: Интер

“FC Internazionale Milano announce that all the medical tests that the first team was subjected to were negative. Optional individual training will resume from today,” the official statement read.

Почнаа тренинзите, наскоро фудбал. До крај на сезона немам верба дека ќе бидеме во можност да удриме по скудетото, ама се надевам купот ќе го земеме. Најбитно сега ако се враќа животов во нормала, да се консолидира составот, да се пополнат дупките што ги имаме, следната сезона мораме да бидеме шампиони.
 
А што очекувале кога сите го прележале во декември? :icon_mrgr:
 
Ме фати мала носталгија и почнав да гледам кличиња од Ковачич кога го зедоа нашите како дете..каков играч,какква елеганција,каква техника..на само 18 години дробеше малиот.. и после да го замениме со просечен ѓуптин како Кондогбија...кур да ги отепа сите од управата кои се решија за таков потег.....штета што не напредна од тогаш и сеуште стагнира иако има достигнато полна фудбалска зрелост....сега да дојди кај нас како што ни фалат играчи во средниот ред има да дроби...една утакмица Барела-Сенси..друга Ериксен-Ковачич...има све да ебиме
 
Види го Џони, за Ковачич плаче... :pos: класичен полуиграч, Брозо за него е Зинедин Зидан лично.
Се изгуби после Интер (а и не е ништо страшно да се изгубиш во таков Реал), дури и во Челзи минатата сезона беше ептен просечен и не бев за да се купи. Ама сезонава...
Конечно се пронајде пак и ја покажува класата, играч на сезоната е во Челзи. Елеганзција во движење, дрибла ко Хазард, контролира игра. Класа играч.
 
Види го Џони, за Ковачич плаче... :pos: класичен полуиграч, Брозо за него е Зинедин Зидан лично.

Брозо е Зинедин Зидан за секој среден играч воопшто а камоли за Ковачич :D
 
Види го Џони, за Ковачич плаче... :pos: класичен полуиграч, Брозо за него е Зинедин Зидан лично.
Не дупи и ти не е лош играч Ковачич, го преебаа Манчини и компанија што вадеа пари на него кога требаше да стане столб на екипата. Страшна транзиција има од одбрана во напад, баш е уникатен во тој поглед.
 
Види, јас сум дете што има учено фудбал по ливади и општински лиги. Од среден играч не барам многу, само кога ќе дојде во зона на шут да знае да го погоди голот. Во втора Македонска лига сум навивал за играчи кои беа лепота да ги гледаш кога се на дваесетина метри од гол. Овој ропакот го гледав година дена како прави се како што треба и кога ќе дојде напред се губи како чорап во центрифуга. Еден еврогол на шест месеци не врши работа ако сака да игра во тим како Интер, да бидеме реални.
 
Не дупи и ти не е лош играч Ковачич, го преебаа Манчини и компанија што вадеа пари на него кога требаше да стане столб на екипата. Страшна транзиција има од одбрана во напад, баш е уникатен во тој поглед.
Јас не сум видел некој друг играч да е толку отпорен на пресинг. Тројца ќе го затворат и некако ќе најде простор меѓу нив да се протне и да пренесе топка. Дефанзивно и клизачите му се скоро усовршени, 9 од 10 пати сигурно ќе одземе топка без фаул.
Е пред гол не го бива, ете тоа уствари му сметало на @Io Sono Interista, ама никој не е совршен. Ковачич нуди доволно на терен за да не мора да нуди и голови. Затоа и како што видовме сезонава во Челзи најдобро е кога игра поповлечено, да одземе топка, да пренесе кон напад, па таму другите нека мислат.
 
Конечно се пронајде пак и ја покажува класата, играч на сезоната е во Челзи. Елеганзција во движење, дрибла ко Хазард, контролира игра. Класа играч.

Ако е овој класа, што е Де Брујне...
 
Одличен играч е Кова бе....епски резил е шо го заменија со Кондо ѓуптинот...и во Реал мадрид беше солидна резерва и добро ги покриваше Модрич/Крос..сезоната 2016/2017 не ни се осети дека не игра некој од нив....сега да дојди кај нас ќе дробат со Брозо и Барела на средина.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom