Пакет 2 у едно за недораснатост за скудето, лош ростер сеуште, и немање игра доволна за титула, треба да се помириме со ова, чудо треба да се деси овој интер да освои титула вакви какви што се сеуште, второ место е максимумот ко што и претпоставувавме пред сезона ( хехе 30% хехе ).
Денес и киеза да беше во тимов место кандрева, и смс место весино, пак ќе изгубеа, Конте сеуште нема најдено добитна комбинација за долги патеки, јасно е ова после она што го играме веќе 2 месеци.
3 недели имаше да спреми тактика и да ги истренира асално за мечов, они шанса за гол не направија, лаутаро и лукаку не шутнаа кон гол и беа тотално отсечени од остатокот од тимот ( нема потреба да се критикуваат за денес и двајцата, иако беа дел од сивилото ), многу лошо издание, све што можеше да се утне денес на тактички план се промаши, и пред меч и за време на истиот.
Не очекував битка за титула годинава од старт на сезона, само очекував барем до сега многу боља основа да постави конте на тактички план за наредна сезона, очигледно и на тоа поле сеуште заостанувам. Играчи бољи ќе има од наредна година, ама ќе мора и играта да ја подобри, можда период од 6-7 месеци не е доволен за екипа ко Интер и тоа е разбирливо, нит е прв тренер нит последен што првата сезона не успеал да наметне асална игра, и еден пеп имаше таков проблем у сити, и клоп исто не беше импресивен на стартот, ама многу голем проблем ќе биде ако конте мисли дека е само до играчите проблемот зашо дефакто не е. Јасно треба да му е тоа после низа изданија годинава каде играше и против тимови од кои има 10 пати бољи фудбалери.
Ене го гасперини, после години и години работа наметна систем на игра кој е допадлив за око, носи многу голови а е со тројца стопери, едноставно не смее конте да иде со глава кроз ѕид и да не мења нешто и кај себе, мора малце похрабро и поофанзивно нарочито кога игра против тимови од кои има далеку бољи состав, денес слика и прилика имаше да види дека едноставно нема игра за своите најбољи играчи у тим, лукаку и лаутаро. Двајцава кај гасперини по 30 гола ке имаа до сеа у сезоната.
Иначе сериозно треба да размислат за скриниар летово ако стигне понуда од над 60м евра а притоа до крај на сезона игра ко што игра и до овој дел од годината. Ко и со лече така и денес, топката сантим до него поминува без да реагира, денес дури и застана а лесно со еден потег ќе го спречеше првиот гол, со фиорентина исто мизерно изреагира на крај и тоа таму не кошташе 2 бода. Супер играч е и ептен го поуштем ама у системов со тројца назад е преочаен, непрепознатливо делува и можеби би било боље годин наместо бастони, да игра место скриниар извесен период барем.