И јас мислам дека ко попче ќе се врати во тимот. Ова плачките на телевизија се најверојатно пр стратегија, можеби и во договор со клубот, за да се деескалира ситуацијата. Да не беше тоа случај, друг тип на изјави ќе даваше Ванда, слични на оние претходно. Не им помина блефот, начекаа ѕид од другата страна, што веројатно би го добиле во секој сериозен клуб. Добија дисциплински шамар и они, како и Перишич и Наинголан пред тоа. Тоа мора да се случи еднаш за да се прати порака и на сегашните и на идните фудбалери. Тренерот, Аусило и Марота им се надредени и опциите им се или да се кооперативни и да ја почитуваат организацијата, или да ги трпат последиците, какви и да се.
За Марота е рано уште да се даваат оценки, мада до сега потезите личат на професионалец што си ја знае работата. Историјата му ја знаеме, еден од најдобрите директори во последните години. Охрабрувачки е што за само неколку месеци официјално во клубот, го детектираше главниот проблем во клубот во моментов. Таа "фамилијарна" атмосфера во клубот, наследена од времето на Морати, во која играчите се третираат како разгалени тинејџери, чии емоции се побитни од нивниот перформанс, создава повеќе проблеми отколку што помага. Ова се нужни чекори за да се изгради каква-таква професионална средина во иднина. Детски болести што секој сериозен клуб во моментов, во минатото, ги поминал. Сега се драматизира како да е крај на светот, медиумите тријат раце, меѓутоа јас верувам дека во иднина се ова ќе даде резултат. На некој начин и сигнал за амбициите е.
Мислам дека е можно и нов договор да потпише до крајот на сезоната. Ќе добие некој премиум, што ќе му го продадат како надоместок за одземањето на капитенската лента, а што вистински го заслужува на фудбалскиот пазар. Оваа мала драма што Икарди и жена му јавно ја направија, уште многу години ќе му остане залепена за неговото име. Иронично, во желбата да употребуваат педерски тактики, повеќе на себе си наштетија, отколку на клубот.
Јас уште мислам дека Икарди ќе остане во Интер, што е најдобрата опција, нормално. Мислам дека нема навивач на Интер што сериозно ќе тврди дека Интер е подобар без Икарди.
Смешното е што и Јувентус не пропушти да истури бензин во целава работа, преку тој спортскиот директор што секој втор ден дава изјави за како го договорил Роналдо. Педерски клуб.
