Бодот е одличен. Добар резултат на лоша игра е охрабрувачки. Реално, 1 бод од утакмиците со Барса, со оглед на тоа како игра Барса во ЛШ, за Интер е премија во моменталните околности. Без разлика што беа без Меси и на двата натпревари, Барса е друга класа за моменталниот Интер, едни од главните фаворити за ЛШ се годинава, полни се со квалитет.
За мене ова е супер резултат. Сега го имаат гостувањето што уште од почеток се знаеше дека е најтешко, тоа кај Тотенхем. Да кажеше некој, кога ги влечеа групите, дека по 4то коло Интер ќе биде на второ место со 7 бода и една утакмица дома против Псв во последно коло, веројатно сите навивачи на Интер со две раце ќе потпишеа.
Фали квалитет за да парираат, тоа е очигледно. Да го имаа пример Модриќ место Весино во средина вечерва, сликата ќе беше многу поразлична. Таа е нијансата која ја направи разликата од одлично до совршено трансфер лето. На неколку ситни чекори се до позиција во која ќе можат вистински да парираат, а тие чекори очекувам да ги направат следните неколку сезони. Така да, од мене нема замерки за играта на тимот на двата натпрвари.
Пробаа да играат, почнаа со агресивен пресинг првите 15 минути, ама неверојатно тешко е да им земеш топка на Барса, а ако им ја враќаш ефтино цело време, тогаш енергијата полека се губи, интензитетот паѓа и толку, почнуваат они со нивното по терен. Али ретко кој успеал да се натпреварува за топката со Барса, така да, за тим што после 7 години игра во ЛШ, тоа и не е неуспех.
Поздрав и за другарот
@Io Sono Interista. Рече кога беше драмата за Малком дека ќе даде овој гол против Интер, и клета уста од прва фати.

Само што фати топка, со прв шут ја смести.