Вчера, па штознам, една од најлоши утакмици што сум ги глеал на Интер, и тоа што ама стварно не можам да го сватам е следново, џигеров со Наполи играше стварно јак фудбал, да, не освојуваше големи трофеи али бар играа фудбал бре, мушки, до крај, гледа ли он Интер на што му личи ? Поготово вчера ...
Друга работа, ова му е прилика у кариера која никад нема да ја има пак, и што превзема ? Ништо ( ко и сите негови претходници до душа, иде со глава кроз ѕид ), тоа исто не би можел да го сватам, глеј оној шупакон Манчини кариера направи на грб на Интер, 23235 милиони евра заработи а е дупе од тренер, овој со ова ли се задоволува ? Ондак тоа доволно говори за него и неговиот карактер, ја незнам како уз една ваква прилика он вака се понаша и делува ко да не се ни труди да издејствува нешто ново у играва на тимов, апла е евидентно дека го прочитаа, а и кој не би прочитал формација ко оваа неговава, 5 4 1. Убаво реков бе по Милан, јалов е тој триумф, башка што а Милан си ги тепал а Ливорно исто му доаѓа, само ќе летне овој у облаци и уште толку ќе си удри потврда дека системот му е ок али судиите и немањето среќа си го прават своето, ете и вчера рикаше ради судиите а не гледа дека играта на тимот е бедна и дека таквиот пристап е тотално спротивен за клуб ко Интер и воопшто, тотално спротивен од барањата на модерниот фудбал.
Ја силна подршка му давав иако под дифолт за системи со тројца у одбрана имам негативно мислење, али апсурд би било и после ова да барам некое оправдување за Мацари, или нека прави драстични промени, почнувајќи од играње на уште еден напаѓач плус и Ковачич у прв тим ( и една фантазерска желба, да смени систем у одбрана на 4ца ) или нек се гони у три лепе. Едно време бев да остане тука 2 години, следниве месец дена ќе си го дефинирам овој став у случај да ја тера истава чкартна песна.
Тихо тргнете го на страна, Тихо тоа што го начека тука е права калакурница од секој можен аспект на клубов ( играчки кадар, тренерски кадар, технички кадар, финансии и тн и тн и тн ), ако мислите дека за месец дена у Јануар ќе се оправат работиве ондак шта речи

, тука таква штета е напраена после триплетето, едноставно мора едно здраво, асално реформаторско лето да се издеси, за да клубов добие прогрес каков што заслужува.