Фан Клуб: Интер

Паласио, Гуарин, Ковачиќ, Тајдер, Хесус и Ханданович. Околу овие играчи треба да се гради и појачува тимот а не истите да се продаваат или трампаат.

А Гуарин има квалитети кои не се толку воочливи и затоа или го сакаш или мразиш но кога ќе пропушти една утакмица одма се осеќа дека не се создаваат толку гол шанси и дека ни ја преминуваат половината со 2 потега. Истото беше и со Касано, само што овој вториов неможеше да трча 90 минути и не се напињаше да брани.
 
Проблемот е поголем од тоа дали е направена добра или лоша проценка за играчот. Проблемот е во тоа што и после продажбата на клубот и смената во раководството, сеуште мораме да го продадеме Курто за да го купиме Мурто. Реалноста е сурова и вели дека без да ги продадеме играчите кои вредат нешто на пазарот, нема да купиме ништо. Што значи дека ќе претураме од шупливо во празно уште долго време.

Ако сакаме да направиме силен тим, нема ни едно оправдување зошто би продале играч како Гуарин. Му одело или не во оваа формација или онаа формација, бил во форма или не, Гуарин е играч кој го има тој потенцијал да игра во вистински силен Интер, за разлика од 90% од играчите што ги имаме. Сигурен сум дека Мурињо од него ќе извади 100% и точно ќе го вклопи во тимот и ќе го направи корисен играч, ако отиде таму.

Тимот треба да се исчисти од старците, да се формира одбрана од 4 со саглам замени, еден екстра напаѓач да игра во тандем со Паласио и во средина да се доведе уште еден екстра, докажан играч. Рики, Ковачиќ и Гуарин мора да останат.

Ако го продаваме тоа малку квалитет што го имаме, ќе си тапкаме во место.
--- надополнето: 17 декември 2013 во 18:45 ---
Ја суспендирале Курва Норд за дербито :facepalm:

Тисуќу фејспалмова...
 
Значи стварно не можам да ве разберам што гледате во Гуарин толку. Прва слика што ми иди ко ќе ми го спомни некој Гуарин е или згрешен пас од 3 метри, значи наместо на наш играч подава на нивни, и го ебава цел моментум, или трча ко некое копито, и заглавува меѓу 2-3 ца играчи и му ја земаат топката. Еднаш на полна месечина ќе му се погоди некоја асистенција или некој гол и одма сите WOW, Лампард го прајте.
Значи освен шо е дибек, НИШТО фудбалско не гледам во него. Ајде кажете кој фудбалски квалитет го поседува. Ни шут, ни техника,ни дриблинг, ни креативност а бе ништо. Барем шут да имаше, да разберев, ама вака.
И полекате малце, ако некој не се согласува со вас не мора одма паметни да се прајте во стилот не ми се верува шо читам, експерти сето, вака така... Не мора сите исто мислење да имаме.
Јас мислам, дека со самото заминување на Гуарин, автоматски сме појаки. Зошто. Автоматски се отвара едно место во тимот. Што значи тоа. Памтите Алварез дека на почетокот на whoscored беше одма после Меси на статистиките? Ако замини чутуков, автоматски Алварез се шалта понапред, и одма друга прикаска е. Плус, ете место за Ковачич. Во овај случај, не е битно дали Алварез или Ковачиќ игра АМЦ/МЦ, во секој случај играта ќе оди потечно, со повеќе шанси за гол.
Јас бев тој шо јадеше говна Ковачиќ, и испадна во право бев. Се ухода на тренинзи, и одма беше евидентна разликата на терен. Сега потребно му е само форсирање, да му се набија самодовербата, и да биди онај Кова сите што сакаме да го видиме. Ама то нема да се случи дури еден малоумен жбитак имаме како клучен „АМЦ“. Еј, Гуарин АМЦ, не ми се верува.
Плус, многу е битно што ќе направат со парите (18 милиони) Интер. Можи и најбитно. Ако се прашувам јас, во нападот не чепкам. Евентуално некој како Јоветич, што би бил огромен напредок од тоа што го имаме.
Некни прочитав некаде во интервју Мацари кај што вика дека му рекол на Камбијасо, дека ако најди подобар од него, овај ќе седи на клупа. Баш ја запамтив реченицава. Ако го земат Наинголан и Фернандес од Порто(на овај договорот му завршува во Јуни мислам) средниот ред ќе ни биди комплетен за неколку години. Плус да се инвестира во лев бек ако се можи зимава, со цел да се пласираме во ЛШ, а ќе се пласираме ако се засилат со овие три имиња, ќе биди друга прикаската. Нормално, треба да се направат напори зимава да се продадат и Кузманович, Мудингаи, Переира, Марига, што би придонело уште помалку пари да се вложат во три клучни позиции.
Па на лето ќе биди скрос друга прикаска. Еден куп потрошен материјал ќе си замини како Киву, Милито, Камбијасо, Занети, Самуел. Па ајде уште тројца да се купат ѕверови, централен дефанзивец, десен бек и шпиц, и ќе имаме тотално друг Интер, ем поквалитетен, ем по теркот на Мацари.(ако сакаме да остани овај)

Значи не е се црно како шо го прајте.

Еве да не го продаваме Гуарин, а од друга страна евидентно е дека ни требаат засилувања. Еве и да го земиме Наинголан. Како би изгледал тимот? Кај би играл Гуарин? Кој да биди жртва? Сега веќе има еден, то е Кова. Уште еден кој? Таидер? Камбијасо?
 
Не решава ништо така. Ништо нема да сме појаки ако го замениш Гуарин со Наинголан. И вака и така ќе имаш еден играч во комбинација кој кога ќе игра добро, кога лошо, и натаму ќе немаш никаква ротација и никакво решение за повреди, картони итн... ако мислиме да правиме тим мора да носиме играчи како Наинголан и да ги задржиме останатите што се подобри, да направиме конкуренција во тимот и да имаме 20 подготвени играчи. Иначе е истата приказна комплетно. Ако Гуарин не игра како што играл во Порто, немаш никаква гаранција дека било кој да дојдеќе игра како што игра сега некаде. Тоа сме го виделе и порано.

Поентата е дека не смееме да се откажуваме од оние што нешто можат (и не го бараат џабе Гуарин, зошто не го бараат Переира на пример?) туку треба да се ослободиме од реално потрошените играчи и оние кои што се сериозно лимитирани, и да ги пополниме тие места со вистински фудбалери.

Интер не е во ситуација да каже: не ни треба играч како Гуарин. Тоа кога ќе направиме силна екипа ок, сега со овој играчки кадар, не.
 
И полекате малце, ако некој не се согласува со вас не мора одма паметни да се прајте во стилот не ми се верува шо читам, експерти сето, вака така... Не мора сите исто мислење да имаме.

Ти го почитувам мислењето a за експерт не сум ни јас туку само имам поинакво мислење изградено за Гуарин, that's all. :)
 
Вака сега. Не велам дека моментално не сме во лоша позиција, и дека имаме еден куп играчи шо ни во Болоња не би биле стартери. И во право си дека треба прво тие да се исчиста. Ама ако веќе имаме нов претседател, и сакаме да тргни тимов во некоја насока, мора да се направи план и да се држи до него.
Ако го имаме Мацари, и го поддржуваме, треба да му се дадат играчи какви што му се потребни. Пошо факт е дека има специфична тактика, кај што требаат специфични играчи. Во случајов Гуарин не му се поклопува во формацијата. Го игра од шо мора. Оти трча ко коњ. А му треба таков оти тимов не ни е избалансиран.
Значи и самиот реков, иако не беше по тој редослед. Треба а и ќе се исчисти тимов од еден куп играчи шо само плата земаат а не прават ништо (нешо ко рамковниве).
Е сега, не сме ние Барса или Манчестер. Две години не играме во ЛШ. А и Тохир не е арап.
Во конкретниов случај, Гуарин ем држи цена, ем со тие пари можи да се земи играч што ќе му функционира во тактиката на Мацари.
И сега што е поубаво. Да се задржи Гуарин и да се вложат 20 милиони за некој играч?
Или да се продаде Гуарин и да се вложат 40 на двајца што ќе му одговараат на Мацари и тактиката?
Јас тврдам дека Наинголан+Фернандо/Сандро е подобро милион пати од Наинголан+Гуарин.
Па дури и во моментов, гарантирам дека подобро ќе биди наместо Гуарин да го имаме Наинголан во тимов.
Нормално, многу лошо ќе биди да го продајме овај, и да донесиме, Кучки, Паломбовци, Шелота и такви срања.
Ама ако изиграме паметно, не шо не е штетно, ами е многу корисно да се продај Гуарин.
Барем јас така мислам.
 
Не, апсолутно не се согласувам. Така можевме да го продадеме и Снајдер зошто не му се вклопуваше на Гасперини. Преку ташак од тренери со една формација кои не можат да ги вклопат најдобрите фудбалери во составот. Еве да речеме дека ќе му удоволат со се на Мацари, ќе се утне работата со трансфрите (како Кварезма и Мансини), Мацари ќе добие отказ а новиот тренер ќе треба да крпи.

Потребен ми е тренер кој може од оние фудбалери што ги имаме да извади максимум и да направи формација која им одговара најмногу. Значи уште еднаш, да ја пронајде формацијата, а не да постави формација и да бара фудбалери за истата.

Тренерите ти се потрошна роба, имаме сменето 5-6 за неколку години. Играчи ни требаат.
 
Значи во случајов, примарно треба да ни биди смена на Мацари според тебе?
Ок, ако е така, се согласувам. Факт е дека е тврдоглав тренер со една формација.
Ама свесен си дека, во овај случај и в година нема да играме ЛШ. Пошо сигурно нема да го избркаат Мацари во Јануари.

Јас мислам, дека баш ради таквата филозофија, тренерите ти се потрошна роба, се случува ова што се случува со тимот. Освен Гасперини, СИТЕ тренери имаа добар старт, ко сакаа да се покажат играчите, да бидат првотимци. По извесен број натпревари, сите одат во надолна линија. Очигледно е дека нашиве играчи мислат дека се поголеми од тренерите, а и со право, пошо еден куп тренери се сменија а на дедовци му продолжуваат договори
.
И еднаш мора да се донеси тренер, на кој што ќе му се даде целосна доверба. Ама она ЦЕЛОСНА. Да можи Камбијасо да го прати на трибини, а другите сус да му играат. Нормално, тоа треба да биди докажан тренер, во стилот на Клоп или Симеоне.

Е и тогаш, мора да се носат играчи тој што ќе ги побара, а не некој шо му текнало на шеширон.

И јас велам дека во моментов имаме десетпати поидеален тим за 4-2-3-1, ама фактот е тој. Мацари не иди во предвид така да игра.

Значи, пак ќе повторам. Мора да се постави некоја цел, и да се тера конкретно по таа цел. Не, чекај 4-5 пати ќе извадиме нерешено и пу пу не важи, па влегуваме во паник моде, па ајде Шелото, Паломбо, Роки...Гасперини, Страмачиони.
 
Нема таков тренер Dee Jay, на прсти се бројат добри тренери. Нема гаранција за ние еден тренер дека ќе отиде некаде и ќе биде успешен. Нема кој да донесеш во Италија што е класа тренер, авторитет итн...

Нема никаква потреба за смена на Мацари. човекот мора да покаже дека може да извади максимум од фудбалерите кои ги има на располагање. Продажба на еден од најдобрите фудбалери (факт) заради мочана формација ни на крај памет не ми паѓа во ваква ситуација. Нека смени формација, нека најде решение. Сака да биде ко Мурињо, ете му прилика, Мурињо менуваше додека не ја најде формулата.

Сите тренери не беа виновни за ситуацијата но тренерот прв го јаде, секаде е така. Затоа не можеш да смениш цел тим за да му угодиш на тренерот кој пак после може да изгуби пет по ред и да го јаде. Можеш да му удоволиш со некој трансфер да му го засилиш тимот и тоа е тоа.
 
А бе Io, една е фиктивната, друга е фактичката состојба. Факт е дека Мацари ќе продолжи со 3-х-х формација. Интер не се македонскиве служби за патишта, па не изненади снегот во декември, се знаеше уште пред да го земат.
Значи, да заокружиме, се согласувам дека на Интер му требаат играчи. И не значи дека ако се земи Наинголан и Фернандо дека после евентуална замена на Мацари овие нема да цапнат на терен. Двајцата се играчи што би функционирале во секоја формација. Не прајме за крила муабет.
Е сега клучната работа, кај што се разликуваме јас и ти во размислувањата е перцепцијата за Гуарин. Ти го перцепираш дека во моментов дека ни е нај јак играч, јас го перцепирам како цепеница шо ни ја кочи играта. И тука ни јас можам да те разубедам, ни ти мене. Јас те разбирам зошто размислуваш дека треба тој плус други добри играчи. Е сега и ти разбериме дека не го можам него, и мислам дека треба друг играч на неговото место, плус други добри играчи.
Јас сакам, ако рецимо, лупам сеа, сме во можност да земиме зимава 2ца добри засилувања, плус да остани Гуарин, да земиме 2ца добри играчи плус да го замениме Гуарин со трет добар играч, шо има малце од малце фудбалска интелегенција. Значи замената на Гуарин да не влијае на другите можни трансфери.
 
Се отиде у неповрат откако се продаде Пандев и се шутна Бенитез... Добро де, и Ето, Снајдер, Мота и Маикон...
 
Реков дека веќе нема да пишувам на темава,ама приморан сум.
Како може Мацари да не го сака Гуарин во тим бе,кога можеби е најдобриот играч што моментално го има Интер заедно со Кова,Рики,Ханда,Исус и Паласио.
Мислам нема логика ова,го играл пошо многу трчал :pos:
Да не чинеше Гуарин немаше да го бара Мурињо,нема наводно да се интересира Јунајтед за него.Мурињо знае да го извади максимумот од секој играч и да го прилагоди на неговите барања.А кога ќе отиде Гуарин во Челзи и кога ќе се разигра два пута подобро од она што го играше во Порто ќе праиме муабет на темава дали НИ ТРЕБА ИЛИ НЕ НИ ТРЕБА играч како Гуарин.
Ако сакаме конкурентен тим кој ќе гризе на сите фронтови за титула,почнувајќи од куп,па се до ЛШ,мора да се носат квалитетни,млади а докажани играчи и да не се продава костурот на тимот.Околу него се гради остатокот,а не без него.
Ене го Манчестер се мачи,ама го има создадено костурот на тимот и околу него градат играчи,а продаваат тоа што не им треба во екипа.
Гуарин и повеќе од што треба во моменталнава екипа,па да се земе еден од Наинголан/Фернандо/Сандро,ќе видите сосема друга приказна со Гуарин,а да се седне на клупа Камбијасо.Море да се зацементира,ако може и со шајки да го заковаат за клупата.

Не го гледате целиот проблем,туку сте се фатиле за Гуарин,да се продаде за смешна сума.Ај ќе се продаде Гуарин,кого ќе се земе на негово место ?
Биондини,Кандрева ?
Дај бе размислете логички,ако Интер ги продава играчите што навистина вредат,кој би дошол бе на негово место,а да е докажан и квалитетен играч ?
Па ни Самир Фазли не би дошол во таква растур систем екипа.

Треба да се почне со чистење од клупата почнувајќи од Самуел,па завршувајќи со Милито.Да да,добро прочитавте,тие треба да бидат први на тапет за продавање/раскинување на договори,а не играч кој што е моментално алфа и омега во Интер.
 
Ова е јануарски преоден рок
не треба да се очекува бум трансвер
Не треба да се менува костурот на екипата што го држи тимот

Најголема глупост е да се продаде гуарин кој учествува во 70 % од офанзивните акции и е константа опасност кон противичкиот гол

1. паласио
2. гуарин
3. алварез
4. јонатан
5. камбиасо
6. таидер
7. ковачич
8. нагатомо
9. роландо
10. кампагнаро
11. ханданович


Интер треба да ги продаде
Переира
Ранокиа
кузманович
мудингаи

да се раскина договорите со
киву самуел и милито

глупо е да продаваш играци кој играат во првиот состав а имате играчи кој ја греат клупата

Да се донесе еден лев бек
еден центархалф
и еден напагач

Ја не би го чепкал офанзивнит дел на интер во никој случај има дадено највеќе голови во сериа А 36

Проблемот е играта во одбрана премногу примаме глупи голови од тие 21 бар пола се грешки на дефанзивците
 
Курва суд можно е да не присуствува на дербито викендов поради солидарност.Во знак на поддршка кон Курва Норд се јавиле и навивачите на Наполи.
 
не треба да се очекува бум трансвер
Не треба да се менува костурот на екипата што го држи тимот


1. паласио
2. гуарин
3. алварез
4. јонатан
5. камбиасо
6. таидер
7. ковачич
8. нагатомо
9. роландо
10. кампагнаро
11. ханданович
Костурот на тимот кажува се, а оние кои не се разбираат од фудбал, еве слика:

c28bd8aac0.png
 
Чувај си го камби кретенот за стартер,чувај си го Таидер играчиштето и големиот талент Гранде Кова,а продај си го гуарин.Абе тохир вака ли ке ги придобиеш навивачите на некогаш големиот гигант Интер???А и она копиле старо морати,коа веке го продаваш клубот,продај го на некој ентузијаст,а не на ова копиле кое само својот интерес ке си го гледа.Последна надеж ми е курва Норд,валда скоро ке летаат веспи по меаца и ке се праат ајвари.Гледам низ италјанскиве портали само негативни коментари за продажбата на гуарин,а чувањето на оној полу-играч таидер и фудбалскиот волшебник гранде кова кој рака на срце пас од пет метри кон своја половина не промаши,и на оваа последнава и на другите утакмици.Битно гуарин шутирал од далеку и промаршувал...
Господ нека ни е на помош со жуто клунецов,и онаа глава букова што ни е на клупа
 
Останал или си заминал..ние повторно ќе бидиме мизерни додека играат Камбиасо и Занети...кога ќе ги нема овие двајца во тимот јас ќе славам исто како скудето да сме освоиле..тогаш ќе почни револуцијата на Интер бидејќи секогаш без нив играме далеку подобро
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom