Победа против Пескара а. Се враќа вербата во проектот.
Прочитав на фан клубов и мило ми е што му дале шанса на тој Бенаси. Ја колку што го памтам од младите беше многу талентиран.
Ама ако сака да направи нешто од кариерата нека бега од Интер одма. Во моментов и ампутација на едната нога е подобра опција од да си млад и да си во Интер.
А иначе кој не играл за овој да игра? Да не умре некој од старциве?

И зошто се поретко го играат Милито. Повреден е нешто или и он иде по Снајдер рецепт. Кога сме кај тоа, Снајдер во Галатасарај?!?!

Ова е едно од најсрамните и најглупавите потези на клуб во однос на свој играч во историјата на фудбалот. Уствари ние сме на првите 3 места на таа листа.(Карлос, Бергкамп, Пирло, Сидорф you name it) А божем им се смеевме на Реал зошто ни го дале само за 15 милиона.
Барем на асален клуб да го дадевме.
И кои се играчиве со кои не поврзуваат. Ни еден не знам. Кој к.р се Белони, Квентеро и слични. Скелото само го знам и со оглед на тоа колку ужасен играч е, не се сомневам ни за секунда дека сме заинтересирани.
Имаме канцерогено ткиво во клубот и се посигурен сум за идентитетот. Ќе го препознаете по тоа што седи на трибини секој меч и обожава да дава неодредени изјави со кои као суптилно заебава некој.