Остануваме втори, тоа е најбитното. Штом сме на места за ЛШ, ја сум среќен.
Киксови кога тогаш, мораше да има, тоа е нормално. Не бевме нешто доминантни додека ни траеше серијата, така да мораше еднаш да се случи да кикснеме утакмица или две.
Битно е следната да тепаат, за да не се демотивираат, па да поредиме во обратна насока.
Ќе беше добро и денес да тепаат, ради Јуве, али тоа е.
Една лоша работа што уште се влече е што цело време ја менуваме концепцијата и улогите на играчите, и тоа не само од утакмица во утакмица туку некогаш почнуваме на еден начин а завршуваме на друг (како денес). Постојано се мења пресингот пример и колку играчи учетвуваат во него. После се мења колку идат во напад играчи и каде напаѓаат. Маркирањето исто.
Тоа може да биде добро од една страна зошто противниците неможат да знаат што ќе играш, ама може и во друга крајност да се отиде, а тоа е да си ги збуни човек своите играчи. Посебно кај нас некогаш од една во друга крајност се оди.
Можно е и да сака Страма да си го направи тимот да му игра ко он што сака (како лани што ги гледавме), ама во исто време полека да мења во тимот и да си ги искористи најпостојаните играчи, а за тоа треба да игра како што на нив најдобро им одговара.
Минативе 10 натпревари супер комбинираше со двете работи за да извади резултати, ама лошо би било ако другите тимови не прочитаат.
Исто глупо е што ни требаат тројца централни и петорица стално во дефанзива за да се одбраниме од полуконтри. Треба многу полесно да се средуваат такви ситуации, а не да мора да имаме 5 на 2 или 3 ситуација за да се чуствуваат сигурни да идат во напад. Тоа не би требало да биде тешко за средување, зошто имаме добри играчи во одбрана.
Хуан имал слабости очигледно.

Во позиционирање е слаб.
И напаѓачите не треба толку многу работа да им се дава. Средината пак за половина од тоа што треба да го прави ја нема. Ќе ги потрошиме и Касано и Милито и Паласио многу брзо. Плус се во години. Ако се вратат сеа Снајдер и Кутињо има простор за малце повеќе ротација.
Кога сум кај тоа, Снајдер не треба да го продаваме. Има каде да игра во тимот, на место на Касано, двајцата заедно тешко би идело. Само да го натераат да трча повеќе.