Јас дури завчера го гледав дербито, така да малце ќе го вратам муабетот на тој натпревар, а и плус последна шанса ми е за да се уклучам во хејт групата.

Кога ги читав коментарите овдека во понеделникот, јасно ми беше што уствари сум "пропуштил", али ајде дерби е во прашање. Е сеа, не го догледав до крај натпреварот, прво зошто го знаев резултатот (Милан така уште посмешни изгледаа) и второ, зошто шознам не сум љубител на рагби.
Добро е што го добивме дербито. Тоа е единственото позитивно нешто од натпреварот и единствена причина зошто ќе бидам резервиран и краток во јадењето бурек.
Тоа на страна, играта ни беше јад, беда, ужас.
Ако за Фиорентина имав замерки, тогаш ова беше unwatchable.
10 пати полошо од тој натпревар.
Па уште и кога ќе ми текне на муабетот дека брендот ќе го промовирале они низ светот.

Баш да го видам јас јунакот што ќе го промовира ова низ светот и што ќе натера неутрална публика да го следи тимов.
Спорт, што има група луѓе што бранат простор цел натпрвар има друго име. Ужас
Него сега и самите се уверивме дека не се работи за никаква флексибилност или против игра на некој стил, како што некој би можел да тврди за натпреварот со Фиорентина. Милан воопшто не е тим што гради игра на посед на топка, ни Алегри е таков тренер, а сепак имаа комплетна доминација врз играта и со топка и без неа. Значи јасно е дека во прашање е нашиот пристап, а не пристапот на противникот.
И второ сите јасно видовме што се случува кога еден ден нападот нема да работи, а со оглед на тоа што тоа го прават скоро изолирано само тројца играчи, гледаме и колку е лесно комплетно да бидеме неутрализирани.
Посебно е иронично што сега делиме комплименти за тренер што моментално го има апсолутно истиот пристап кој го имаше и беше причина за да се избрка неговиот претходник. It makes you wonder.
Како и да е, ја очекувам овој балонов да пукне во следниве неколку натпревари, иако супер би било да може вака до крај да тераме и да победуваме. Али ако кај сите други ова не поминувало стално, нема ни овде да помине, веројатно, Страма е тренер како и сите други. Ќе не научат и другите тимови и ќе не натераат да искочиме од комфорт зоун.
Сега искрено и сеедно ми е дали доколку тргне бродот надоле, се на грбот на Страма ќе префрлат, како и по обичај. Прво ми беше жал, ама дури и да помине како Раниери и Гаперини, ич не ми е гајле, зошто очигледно е малку смотан за тие работи и сам ќе си биде крив.
Се заебал ако мисли дека некој на него му прави услуга. Жирито е свртено кон него како и кон сите други негови претходници, и ако не штима изјавена благодарност нема да го спаси.
Се знае на работодавец само еднаш му се заблагодаруваш, кога ќе те вработи, толку.

А и не треба толку да се труди со такви филмски манифестации на радост за навивачите, пошто дури и да им влезе под кожа, несвесно ќе влезе во калап кој нема да може да го пополни. А веќе почнаа со тоа споредбите по медиуми.