Не знам што се чудите, многу е да, се согласувам, ама Лукас е готов производ и каде-каде е подобар од Коутињо, Коутињо слабо е во комбинаторикиве на Раниери а поготово сега кога и Снајдер се врати, очигледно неговите физички предиспозиции не се по ќејф на Ранко, исто и Џовинко вака го игнорираше во Јувентус.
Покрај Алварез, Снајдер, исто и Фараони е форсиран бајаги од Раниери, ја лично не можам да му замерам за тоа.
Инаку како што реков, Лукас е ко Пато, Кака, Нејмар, под 20м евра нема шанса да начекаш оформен фудбалер од Бразил и ѕвезда во тоа првенство, после Нејмар доаѓа Лукас моментално таму и то је то.
Пато на времето беше земен над 20м евра, и тоа ко 18 годишен фудбалер, чекаа да наполни 18 за да го играат, затоа во Јануари дебитираше. Сега нештата се променети и цените на ваквите фудбалери се пораснати инаку многу јасно дека не вредат толку.
Незнам и ја на која основа им ги пумпаат вака цените али тоа е.
п.с. Ја лично не верувам дека ќе дадат 30 за него, максимум 25, ко што и се шпекулира.
п.п.с. Форлан пак се повредил.
