Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата Деко reloaded!
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Добро е што се враќа Коутињо, доаѓа Пацини, а и Кјара по потреба може да покрива бидејќи игра на истата позиција како и Дејо, може и позади напаѓачи и во средина. За позајмица добар е, и 100 пати е бољи од Мунтари, али нормално, не очекувајте чуда он него.
A Мунтари си замина од Интер ? :(

И кој е тој Кјара ?:kesa:
 
A Мунтари си замина од Интер ? :(

И кој е тој Кјара ?:kesa:
Пишано е веќе, 28 години има, и игра на позиција ко и Станкович ...
Го имам гледано како игра али неам обрнато многу внимание, онака површно, во секој случај подобар е од Мунтари што значи дека за алтернатива е на место, ако не се лажам и гол има дадено против Интер дур играше за Сиена лани.

Него ме интересира дали и холанѓанецот ќе дојде зимоска, го гледав на Јутуб колку да видам за каков играч станува збор, дал класика шпиц или може да игра на позиција на Пандев, ми се свиѓаше бар од она што го видов, јутуб клип ваљда правен и од него лично. :)
Не е битно, у моментов било кој е потребен, затоа супер би било и он да дојде па што биде-биде.
 
Не дека ќе ја осети тревата на Меаца на прволигашки натпревар тој Холанѓанецот, Кастињос беше ми се чини али ајде, во ваква ситуација со многу повредени можеби ќе се најде у комбинација бар за у Купот по некоја минута :)
 
Готово е, наш е. Ај со среќа нека е, ја сум задоволен од трансферов.. : ))
 
Во врска со моментот `трошење минатото лето на 100М нема да се одрази врз ФФП` вистината е следнава:
Нема да се одрази како доколку би се потрошиле тие пари додека правилото важи (по 2012 година), но потрошени 100М лето 2010 година ќе има последици и во следните години од два аспекти. Најпрво, играчите кои би се купиле за тие 100М би го оптеретиле идниот буџет за тимот со своите плати, со што ќе рипнат расходите како одбитна ставка од приходите односно од она што тимот го генерирал (зборувам хипотетички долку се купат играчи за 100М без притоа да земам во предвид дека некој и ќе се продаде). Второ, ако некој тим даде на пример 20М за трансфер на некој играч (овие пари нели како што знаеме се обештетување за неговиот дотогашен клуб) и потоа потпише играчот на 4 години (не е битно за колкава плата во случајот). Е сега, тие 20М ќе се амортизираат на 4 години, односно на години колку што потпишал играчот, значи ќе се јавуваат како трошок на тимот во Билансите 2010-2013, при што ќе се отпишува по 5М годишно ... ако се купат играчи за 100М и под претпоставка да потпишат сите 4-годишни договори ... буџетот до 2013 година само од тоа ќе биде оптоварен со 25М плус на расходна страна.
-крај

Со ФФП правилото има и многу недоречености во врска со тоа што се ПРИЗНАВА како приход на клубот и што се признава како ТРОШОК, има доста проценти, не е така едноставно. Исто така моментот кој е БИТЕН е дека газдата може да го покрие минусот (до одредена граница) на клубот меѓутоа не на начин нормален до сега, на пример покриенот минус нема да биде во вид на ПОЗАЈМИЦА (со што во подобри времиња газдата би можел да си ги врати вложените пари) туку во вид на докапитализација, со што парите би влегле во капиталот на клубот и веќе би било `страчка нема врачка` и парите се трајна сопственост на клубот.

Гледам сте покренале теми за Арсенал и Јунајтед.
1. Арсенал има matchday приходи од околу 120М, а споредбено Интер има 28М - ете тоа значи свој стадион. Арсенал исто така 35% од овие 120М ги генерира од premium seats тоа им се некои 9.000 столчиња што се вајда некој вид ВИП ложа, е сеа Интер нити смее да го модификува стадионот по `светски трендови` пошто нормално не е нивни, а згора на се мора да плаќа и големи пари годишно само за да го користи. Со градење на своја стадион Интер би имал од шала 100М приходи повеќе, би го изнајмувал стадионот за концерти, спортски натпрревари, би имало хотели продавници и што ти ја знам што уште .... е тоа е разликата во сопствен стадион - нешто што Јуве во најскоро време треба да го добие со реконструкција на Деле алпи (намален капацитет, ама во нивниот случај и многу неповолна местоположба)
2. Манчестер Јунајтед генерира огромни приходи меѓутоа слабо им иде со давање пари за играчи. Во нивниот случај при превземањето на клубот од Америте ако се сеќавате навивачите ептен се бунеа. Тоа е ради leverage buyout кој го изведоа Америте - тоа доаѓа нешто како превземање на клубот со кредит кој подоцна ќе го враќа клубот - во принцип предмет на обезбедување е клубот, а башка скоро целиот долг од околу 750М-1МРД минатава година го конвертираа во ризичен вид на обврзница и се зборува дека има за нивни услови многу висока камата. Така да Јунајтед си е ТОП ама газдиве го цицаат многу јако.

Сити купува играчи меѓутоа не се задолжува се тоа им влага у капитал од чичо Шеик (Масимо е Масимо ... али Менсур е Менсур :-) иако и они имаат голем проблем со немање свој стадион али се зборува дека се во преговори за купување на овој стадион кај што играат сега или за негово земање под концесија на 30тина години.

Мој предлог е ова погоре напишаново да го објавите на web site-от, многу убаво напишано и објаснето. Браво.
Уште една работа е битна за бизнисот и парите на Морати и Тронкети. Не заборавајте дека оваа година Пирели влезе во Ф1. Мора да се трошат таму многу пари за тестови, развој и се разбира се трошеле за разни лобирања Пирели да влезе во Ф1. Се разбира следната година ќе има приходи од Ф1 бизнисот па ќе очекуваме и повеќе пари за Интер и повеќе пари за трансфери.
 
Гардијан ...
Ко со Кака ќе е муабетов, тешко дека Интер би можел да парира на Сити и Реал за Бејл али ако планираат он да биде форсираната ѕвезда ондак тоа би било меч со две оштрици.

Бејл се прослави против оној Интер на пифтиестиот, во Премиер Лигата не е баш нај нај константен а и со ваквите Интер знаел многу да се заебе, последен пример беше Кварезма.

Проблем за Интер моментално е што нема ѕвезда ала Ибра кога 80% од Меаца беа со негови дресови на времето, па за очекување е дека во иднина ќе се донесе еден ваков играч кој и на терен би дал многу али и надвор од истиот.

Јас типувам на Агуеро само поради фактот што потпиша нов договор но клаузулата му ја намалија на 45 милиони евра.
 
^ Држи вода муабаетот дека Бејл е меч со две острици, влече повреди и е подложен на нив. А треба да дојде у една Италија, каде се игра каде каде потежок фудбал.
Уште еден на листата повредени не ни треба, барем не некој што кошта брда и планини. Јас искрено и Агуеро не го сакам, не ми е нешто посебно.
Тевез повеќе мерак ми прави, а горе-доле се исти 2цава.
Али за напаѓач ќе видиме што и како, еве го Пацини ако стигне, би било интересно... :)

Негоооо... Имаше еден интересен коментар, што значел специфичниот начин на прославување на головите на Пацини

"Pazzini points to his eyes supposedly but it looks like he's trying to lick a chick's pussy" : )))))


А уствари...

"No, it's a joke between him and Toni, they got it from the physio at their time in Fiorentina, Toni does the "can you hear?" gesture while Pazzini does the "can you see?" gesture. "
 

глупости глупости ... за таа сума може да ги добијат гансо и алексис санчез , јака муда против интер како изиграл нека дојде сега ќе го изеде мајкон :) ... ако бараат ѕвезда ене им ги торес , тевез па и кака што да не :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom