Oficijalno Pazzini vo Inter,ocekuvam mnogu golovi od nego aj so sreka neka ni e!
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
A Мунтари си замина од Интер ?Добро е што се враќа Коутињо, доаѓа Пацини, а и Кјара по потреба може да покрива бидејќи игра на истата позиција како и Дејо, може и позади напаѓачи и во средина. За позајмица добар е, и 100 пати е бољи од Мунтари, али нормално, не очекувајте чуда он него.
Пишано е веќе, 28 години има, и игра на позиција ко и Станкович ...A Мунтари си замина од Интер ?
И кој е тој Кјара ?:kesa:
Oficijalno Pazzini vo Inter,ocekuvam mnogu golovi od nego aj so sreka neka ni e!
^ На википедија е наведен ко наш играч![]()
Во врска со моментот `трошење минатото лето на 100М нема да се одрази врз ФФП` вистината е следнава:
Нема да се одрази како доколку би се потрошиле тие пари додека правилото важи (по 2012 година), но потрошени 100М лето 2010 година ќе има последици и во следните години од два аспекти. Најпрво, играчите кои би се купиле за тие 100М би го оптеретиле идниот буџет за тимот со своите плати, со што ќе рипнат расходите како одбитна ставка од приходите односно од она што тимот го генерирал (зборувам хипотетички долку се купат играчи за 100М без притоа да земам во предвид дека некој и ќе се продаде). Второ, ако некој тим даде на пример 20М за трансфер на некој играч (овие пари нели како што знаеме се обештетување за неговиот дотогашен клуб) и потоа потпише играчот на 4 години (не е битно за колкава плата во случајот). Е сега, тие 20М ќе се амортизираат на 4 години, односно на години колку што потпишал играчот, значи ќе се јавуваат како трошок на тимот во Билансите 2010-2013, при што ќе се отпишува по 5М годишно ... ако се купат играчи за 100М и под претпоставка да потпишат сите 4-годишни договори ... буџетот до 2013 година само од тоа ќе биде оптоварен со 25М плус на расходна страна.
-крај
Со ФФП правилото има и многу недоречености во врска со тоа што се ПРИЗНАВА како приход на клубот и што се признава како ТРОШОК, има доста проценти, не е така едноставно. Исто така моментот кој е БИТЕН е дека газдата може да го покрие минусот (до одредена граница) на клубот меѓутоа не на начин нормален до сега, на пример покриенот минус нема да биде во вид на ПОЗАЈМИЦА (со што во подобри времиња газдата би можел да си ги врати вложените пари) туку во вид на докапитализација, со што парите би влегле во капиталот на клубот и веќе би било `страчка нема врачка` и парите се трајна сопственост на клубот.
Гледам сте покренале теми за Арсенал и Јунајтед.
1. Арсенал има matchday приходи од околу 120М, а споредбено Интер има 28М - ете тоа значи свој стадион. Арсенал исто така 35% од овие 120М ги генерира од premium seats тоа им се некои 9.000 столчиња што се вајда некој вид ВИП ложа, е сеа Интер нити смее да го модификува стадионот по `светски трендови` пошто нормално не е нивни, а згора на се мора да плаќа и големи пари годишно само за да го користи. Со градење на своја стадион Интер би имал од шала 100М приходи повеќе, би го изнајмувал стадионот за концерти, спортски натпрревари, би имало хотели продавници и што ти ја знам што уште .... е тоа е разликата во сопствен стадион - нешто што Јуве во најскоро време треба да го добие со реконструкција на Деле алпи (намален капацитет, ама во нивниот случај и многу неповолна местоположба)
2. Манчестер Јунајтед генерира огромни приходи меѓутоа слабо им иде со давање пари за играчи. Во нивниот случај при превземањето на клубот од Америте ако се сеќавате навивачите ептен се бунеа. Тоа е ради leverage buyout кој го изведоа Америте - тоа доаѓа нешто како превземање на клубот со кредит кој подоцна ќе го враќа клубот - во принцип предмет на обезбедување е клубот, а башка скоро целиот долг од околу 750М-1МРД минатава година го конвертираа во ризичен вид на обврзница и се зборува дека има за нивни услови многу висока камата. Така да Јунајтед си е ТОП ама газдиве го цицаат многу јако.
Сити купува играчи меѓутоа не се задолжува се тоа им влага у капитал од чичо Шеик (Масимо е Масимо ... али Менсур е Менсуриако и они имаат голем проблем со немање свој стадион али се зборува дека се во преговори за купување на овој стадион кај што играат сега или за негово земање под концесија на 30тина години.