И ова не ми е јасно со неговата изјава, што лошо има ако човек побара засилување, дали е грешно што бара некој играч во зимски преоден рок или пак јас не сум разбрал дека во договорот стои да не си побарал ниедно засилување, ако го напраиш тоа аривидерчи.
Ќе ти го цитирам само ова делче од постот, а и за другите ке ти одговорам.
Грешна е зашто индиректно го плука претседателот на клубот кој претставува многу за овој тим, става една слика на Морати пред медиумите као демек он не сакал да вложува за Интер што е апсурдно, секој фан на Интер треба да знае колку тоа Морати навистина не сакал да вложува во тимот. И второ, ти со тоа кога ке кажеш, сакам 4 нови играчи индиректно посочуваш дека 4 позиции во тимот не чинат, и тоа ЈАВНО го посочуваш, е сега можеш да замислиш ( и тоа по освоен светски трофеј ) каков немир може да внесе тоа во екипа, во стил, на кого сега овој мисли, на Милито ? На Снајдер ? На Пандев ? На Маикон ? На Мота или Дејо ? Не иде јавно такво нешто да кажеш баш поради овие наведени работи, убаво рече Мацола а и Алтобели па дури и гадот Моџи, вакво нешто се прави зад затворени врати, вакво нешто не смее јавно да се каже, не пред медиуми, и што е најтрагично, Рафа таа прилика ја искористи кога освоија трофеј, што уште толку ја направи таа изјава помизерна за тимот.
А за Морати и тимот од финансиски аспект, да не го цитирам цел текст од официјалниот сајт ( ако не ми веруваш, ке се потрудам подоцна да ти го презентирам тука зашто го најдов пред некој ден ) за претходната сезона и финансиски како они поминале, каде дури и во
најдобрата финансиска година во својата историја, они имаат минус од цели 69 милиони евра, и пази како викаат, доброто тука е што за разлика од порано, истиот
драстично се намалил. И сега ајде, можеш да претпоставиш порано што тука се дешавало ( значи 10 години наназад ). И рачунај, тој драстично намален минус е ради ланскиот успех од една страна ( кој сите знаеме каква реткост е да се деси пак ) и, многу важно, продажбата на Ибра за цели 50м евра од друга страна, нешто што во иднина клубот не може да го прави, само Снајди вреди 30 до 40 м евра за продажба, толку.
Затоа, летото не се трошеше, но беше ветено дека тоа во Јануари ке се направи, Рафа до тогаш требаше да котира високо горе на табела со тимот, а не некаде доле, тоа '' доле '' во Италија значи отказ сакал ти или не и то је то, таа промена беше морална и добро е што е направена бар кога се има простор за некаква титула.
За Лео или кој и е друг, нема да терам на предвидувања и претпоставки ама реков, ке ја има целата моја подршка ко фан на овој клуб, друг избор и немам.
@ Krejzi, да, во право си ...