Купер играше 4-4-2 али беше со малце дефанзивна поставеност. Закерони применуваше 3-4-3 али само првите неколку утакмици им идеше добро, после едвај завршија 4-то место. Сега Бенитез не го обвинувам промногу зашто сепак и повредите си го прават своето- Цезар, Мајкон, Самуел, Мота, Камбијасо и Станкович до пред некој ден, Милито беа повредени.
Највеќе го обвинувам Морати, пошо се праеше курназ и ко да беше паднат од Марс дека овој состав на Интер бил истиот од пред 3-4 месеци коа освоиле три титули.
Епа он намерно или ненамерно заборава дека и тие се луѓе од месо и коски и дека се трошат кога тогаш. Неќеше едно евро да фрли, остана со Оби, Бијабјани, Алибек, Нвакво, Сантон и др. недоквакани мрсулковци. Епа Бенитез нема којзнае каков избор кога сите горенаведни му се опоравуваат.
Во право си ако веќе се бара реален виновник , за играчиве немал во план дека ќе земат боледување ..кој од кој
Тимот што победувал не се менувал , али ако дојде како сега до тоа да мора да се смени .. ондак не му ја мислел Морати со раководството.
Порано повеќе пратев , па спас некако беше тогаш кога го донесоа Адријано , сега мора некој да се донесе .. оти дечкиве шо се у резерва не би можеле да го поднесат притисокот.
А и мотивација се изгуби во повеќето првотимци , откако си ја наредија прошлата сезона - оваа некако гледаат да им пројде радиреда.
. Е не може така . До повредите и до Морати е највеќе.

lee: 