Значи Суазо ни се враќа у тим а?

Само незнам што ќе биде со Мунтари,Ривас и Мансини...
Мунтари како замена не е лош, подобро тој него да дојдеше некој од Тернана или Пиза. Башка, кога клупата ни е тенка, според мене е добредојден како замена. Суазо исто така, кога веќе немаме напаѓач како алтернатива. Верувам дека тоа ќе биде прва цел во Јануари. Едино се надевам дека Мота нема да се повредува често, зошто у него се крстам за во средина. Камбиасо, Мота, Снајдер, ептен добра средина, а како замена се Марига, Дејо и Суљо. Кутињо не го сметам, сеуште го нема совладано притисокот.
Не дај боже два-три погрешни паса на Меаца, свирежи еден куп ќе има. Практички и фактички, како сакате, истиот тим ни е од лани, со малку подобра клупа. Само да се надевам дека овие од клупа ќе бидат подобри од лани, па ќе има поголема конкуренција за прв тим, за да не падне мотивот. Иако верувам дека без проблем ќе бидеме есенски прваци.

--- надополнето ---
Цезар 30 год
Мајкон 29
Лусио 32 год
Самоел 32 год
Киву 29
Занети 37
Камбијасо 30
Пандев 27
Снајдер 26
Ето 29
Милито 31год
Мислам не сме помлади од Милан дури постари ако не сме .
Ај, ај и ти сега. За одбранбен играч, овие се најзрели години (на Лусио и Самуел). Канаваро кога правеше парче на СП пред четири години, колку години имаше? 22?
Средниот ред во никој случај не е застарен, зошто додај го Мота или Марига на ова, па пресметај колку години има. Во напад, Милито квари просек, но сепак 31 година е далеку од старост. Дрогба, Анри, Анелка и еден куп други напаѓачи има со над 30 години, па сеуште се во врвна форма. Добро, Анри не е игран од Барса, иначе гарант ќе има по минимум 15 гола на сезона.
Оваа година башка освоија и тројна круна, стари ли беа тогаш?