Mariga, Obi, Suazo, Obinna, Biabiany, Coutinho ...и ние на тие резервни играчи ќе го донесиме Скули.
Но ае Бранка си ја знај работата, па ќе видиме дали ќе биди погрешен потег овој.
Не заебавај, Суазо ? Па Мансини моментално е подобар од него а е тешко тешко дрво, значи Суазо е бетер, ја незнам зашто уште егзистира не у Интер, него у фудбалска Европа, нека се врати у Хондурас и нека ја заврши кариерата у локалниот клуб од каде што потекнува.
Тоа е едно, друго, Обина ? Оби ? Бијабијани ? Тоа се играчи кои сеуште не се доволно искусни, за разлика од Скули кој во Серија А е веќе докажан играч, има насобрано 1 тон искуство и ко за алтернатива ( значи ова е клучниот збор ) е подобар од сите горе набројани, ја незнам како е можно Суазо да го сметате уште за фудбалер достоен за да го носи овој дрес на Интер, а и да, Оби е централен играч во средината така да не го ставаме во ист кош со Скули.
Ги имаме Пандев - Милито - Ето, а на клупата сега за сега Обина, Скули, Бијабијани плус Коутињо кој покрај плеј може да игра и крилно, супер 4ка која нема да прави проблем што дреме на клупа, е тоа е она што треба да ве радува. Мансини ок, е алтернатива но него не му одговара тој статус па аналогно на истиот на терен е мифка, слично ко и Кварезма лани.
Балотели од друга страна за жал веќе го изгуби статусот на алтернатива кој на времето му одговараше но не и повеќе, затоа и е продаден, Интер со првиот тим кој го има не му гарантираше првотимски статус и во нареднава година, па со оглед дека беше резева и лани а и оваа година, 28м евра плус бонуси е супер дил за Интер.
И стварно незнам што би ве задоволило вас, може Агуеро па ко Сити да беа, да имаа 4-5 квалитетни играчи за напад, сите да сакаат првотимски статус а за еден до двајца да немаше место, па да владееше напната атмосфера и да се нарушуваше тимскиот дух ...
Затоа, од старт, доведувањето на Скули не е погрешен потег, а што се однесува до трансферот, 5м евра ке плати Интер за него, а ке добива 1.2 до 1.3 милиони евра по сезона, за 3 години.