Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата Деко reloaded!
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Ми беше досадно па ај да ве потсетам на лш ( ако било ставено видеово немој да се лутите :D )
 
Sneijder rimarrà nerazzurro: "Il mio cuore è a Milano" :helou:

--- надополнето ---

Делот од денешното интервју на Снајди за холандксите медиуми кој се однесува на оној интерес кој постои за него од страна на Јунајтед.
'За холандските медиуми денес тој изјави: '' Моето срце е со Интер, со овој клуб освоив се што можеше да се освои минатата сезона. Наредната година можеме да освоиме повеќе трофеи, како што се Европскиот Супер Куп, Италијанскиот Супер Куп и Светскиот Клупски Шампионат. Ова се големи трофеи кои можат да бидат освоени и јас останувам во Интер. '' - изјави Снајдер.
 
Дечки како што гледам Реал се откажале од Маикон бидејки им бил многу скап
 
Eден мој краток осврт на работиве, ова е пред Се наменето за оние производи на жутата штампа кои веруваат во Се што ке им биде сервирано во истата, oва е делот искоментиран на фејсбук страната, ке го ископирам :

Ова е само потврда на она што беше говорено и претходно, еве, видете како постапува Снајдер на пример во врска со неговото евентуално заминување и Маикон чиј агент секојдневно '' флертува '' со Реал Мадрид.
Колку за споредба, веднаш штом излегоа шпекулациите за Снајди и Јунајтед, еве и самите гледате што изјавува Снајдер, а и вчера неговиот агент г... See Moreи демантираше сите овие гласини плус потврди дека голема е веројатноста неговиот клиент да потпише нов договор со Интер.

А еве што изјави Маикон веднаш штом излегоа на површина гласините за негово заминување во Реал Мадрид, изјава која ја имаше и на FIFA.COM : http://www.fifa.com/worldfootball/clubfootball/news/newsid=1223537.html#maicon+i+want+play+real
Неговиот агент нема ни потреба да го споменува, доволно е да го отворите било кој портал поврзан со Интер и ке сватите за што зборувам, делува како да работи под директиви на Перез.

Причина зашто го реков ова од погоре се оние муабети кои излегоа на дел од порталите каде се велеше дека Морати е оној кој настојува да го продаде Маикон, а не дека Маикон имал желба да го напушти тимот, ова некој да го рече во црно-синиот дел од Милано ке биде предмет на исмејување.

Единствената разлика помеѓу Ибра и Маикон е што овој вториов не е до тој степен директен, и истиот има разбирање за работите и е подготвен да остане тука во случај Реал да не ги исполни барањата на Морати. Причината е повеќе од очигледна, од една страна ги има Мота, Цезар и Лусио, од друга Интер моментално е најдобриот тим во Светот, нешто што не е беше случај со Ибра.
Има и уште една причина, сепак, Интер е тимот кој сноси голема вина за она што денес Маикон претставува во фудбалскиот свет.
Затоа, секогаш викам, резонирајте сами, не дозволувајте да ви плакнат очи медиумите, работава е повеќе од очигледна, сервирана е пред вас само проблемот е што секогаш сакате да го видите она што ви одговора, нема везе што истото благе везе нема со реалноста, секогаш е така.
 
Абе во случај да остане Маикон ја ке искочам во право на крај бидејки сите го дадовте на Реал(читај син)!!Значи покрај тие шпекулации јас верувам дека ке остане бидејки нејќам да го продадеме најдобриот десен бек:toe:!!Можеби има желба да иде не викам не али сепак ако остане на крај мене ке ми исполни желбата за вас незнам!!Иначе гледам Кјаер во Волсбург ,баш ме зачуди како може во овој тим да иде кога имаше интерес од Јуве и од Интер мислам
 
Добро со тебе немам намера да влезам во здрава дискусија бидејќи слепо делуваш и се потпираш стриктно на спортденес.

Ја што реков уште кога дискутирав со тебе, Маикон ке остане само во ситуација Реал да не ги исполни барањата на Морати, е кај жити све ти тука си вил во право ? Интер нема да го продаде својот најдобар десен бек, да, не за 25м евра, ама за 35 ке ја прифати бараната понуда, ко што ја прифати и онаа за Ибра а претходно ги одбија оние помали работи.
Ти беше тој, да повторам, кој велеше дека Морати сакал да го продаде Маикон а Маикон сакал да остане, така да уживкај си у помислата дека си бил у право ...
Милион деманти ти стигнаа на тоа твое тврдење.
 
Да де знам дека само цената на Морати е крива што не иде Маикон во Реал!!Ја сакам и понатаму да го гледам во Интер а поради која причина не иде во Реал мн ми е гајле
 
денеска Морати бил на суд за транспарентите на Милито и Мота кога Интер го освои Скудетото... беше на италијански и не му обрнав внимание, ако знае некој нешто повеќе...
 
Да де знам дека само цената на Морати е крива што не иде Маикон во Реал!!Ја сакам и понатаму да го гледам во Интер а поради која причина не иде во Реал мн ми е гајле

Цената на Морати е топ,убаво си рече самиот Морати,кој е спремен да даде 35 милиони евра во црно куферче,нивни е Мајкон.А Реал на тоа се дрзна прв,но пошо немале пари или пак сакале да ни вратат за Снајдер,Самуел и Камби да не здупат,најверојатно ке останат со курот у раце.И да си оди и да остане Мајкон,Интер ке биде ист,ке се доведе нов играч.Истово го блебекавте и за Ибра,па видовме сите што се деси ;)

--- надополнето ---

денеска Морати бил на суд за транспарентите на Милито и Мота кога Интер го освои Скудетото... беше на италијански и не му обрнав внимание, ако знае некој нешто повеќе...

трапспаренти ??

побогууууууу....
 
денеска Морати бил на суд за транспарентите на Милито и Мота кога Интер го освои Скудетото... беше на италијански и не му обрнав внимание, ако знае некој нешто повеќе...
За трансферот на Амаури Секо и Блан беа казнети со месечни суспензии, нешто што и ја пишав тука пред месец дена дека слично ке биде казнет и Морати ако е виновен, а како што налагаа и експертите од Италија, се претпоставува дека ке биде казнет со 1 месец да нема активности во клубот и со некоја парична казна.
Одземање на бодови и титули во ваква ситуација не е возможно, нит имало таков случај нит ке има зашто тој договор за Мота и Милито е склучен со заеднички интерес на двата клуба.
 
си кажав јас дека не сум го разбрал текстот најдобро, а и не се потрудив, али нема везе, чисто информативно ме интересираше... фала
 
овај биабиани не беше наш? или 50-50% со парма ни беше?
оти гледам сме се напрчиле 4.500.000 £ за него...
а белец е во кротоне на одстапка..
 
овај биабиани не беше наш? или 50-50% со парма ни беше?
оти гледам сме се напрчиле 4.500.000 £ за него...
а белец е во кротоне на одстапка..

Мислам дека е целосно наш сега,а пред тоа беше 50-50 со Парма.
Белец на позајмница е во Кротоне да,Толдо ги стави копачките на клин,еве простор за Кастелаци да просперира уште повеке во својата кариера.
 
Eве ја пораката на Снајди за сите фанови на Интер, мал извадок од истата :
Уверен сум дека откако ке стапнам на теренот ќе ја почуствувам подршката од сите фанови на Интер повторно. И како и секогаш, ќе сторам се за да не ве разочарам. Се гледаме наскоро. Весли. ''

Grazie Real, ова само вие и никој друг.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom