Значи вака. И јас на прв поглед ко ќе погледнам, си викам, кој џуптин е Морати, не му се даваат пари за еден играч, а види ги Реал, Барса, Сити што прават.
Единствено што можам да забележам е, дека наместо Максерано не го земаат Швајнштајгер. Е сега, јас ова налбатски го кажувам, и затоа си има експерти.
Е сеа од друга страна. Со новото фер плеј правило, трансфер пазарот ќе изгледа дијаметрално различно. Зошто? По 3-4 години суми како 90 милиони па и 50 ќе бидат минато. Прво, никој нема смеј да плати толку, па ако сака миљарди нека има сопственикот(Абрамович, арапине и сл.) И сега, од една страна, Интер земаат млади ептен надежни играчи, АМА во косопственост. И сега, ако се во плус на салдото, многу лесно ќе можат да си ги земат играчите назат во Интер, бидејќи другите екипи шанса нема имаат финансиски средства да платат. Пример, сега да речиме, ако треба да наддаваат со некоја екипа за играч заеднички, не можат да бидат сигурни колку таа екипа ќе даде за тој играч. Пример другава екипа че речи, јас давам 8 милиони, ти ако сакаш да го земиш детево дај 9. И Интер ќе мора да дај 9. Е по 2 години, другава екипа ќе СМЕЈ да дај 2 милиони за играчот, оти толку е во плус, а Интер сигурно ќе биди повеќе, и наместо за 9 (без правилото) ќе го земи за 2.1 милион. Значи од овај аспект, АЛАЛ ДА МУ Е на Бранка, Морати и компанија.
Е сега, за овие што не се во ко-сопственост. Како што кажав претходно, 90 милиони па и 50 ќе бидат мисловна именка. Сигурен сум дека тогаш од 30 милиони нема да има поголем трансфер. Макар што и тоа е многу. И, зошто да го земаат сега Швајнштајгер, ко тимот ни е топ, за 30-40 милиони евра, ко за 3 години би коштал 15. (сепак, не сме ние Милан, алармантно да ни требаат играчи. Тие се заебани, точно)
И сега, ко ќе размислиме за Барса, Реал, Челзи, Сити и сл. (ај барса не толку, има одлична школа, ама другиве...) Тие по 3 години, ќе бидат толку многу во минус, што не ќе можат да си дозволат ни мене да ме купат, топките да му ги собирам, камоли играч. Значи, краткорочно гледаат на работите, за разлика од нас, што ќе бидиме во голем плус, и ќе можиме да си дозволиме да го освежуваме составот тогаш.
Сума сумарум, освојувајнето на триплета од страна на Интер, ни дојде како да ни паднало лото. Плус продажбата на Балотели. Значи во моментов, сите екипи се фрлени на собирање пари, знаејќи што ги чека, и имаат среќа што постојат клубови како Реал, Челзи, Сити и Барса што фрлаат пари. Јас тврдам, дека Валенсија за 5 години ќе доминира во Шпанија. Со парите што ги собраја летово, да ги чуваат како плус во балансот, ќе можат да купат дупло играчи исто толку квалитетни како тие што ги продадоја, за разлика од Реал, Барса што че чекаат да остарат ѕвездите, да заминат во пензија, за да не даваат толку пари за плати, за да можат да излезат троа од дупката што се влезени сега.
Значи едно големо БРАВО за Бранка и компанија, гледано од економски аспект на долгорочен план.
Уф, сизмориф.....
