Цезар го слупа Ламборџинито, го пропушта Челзи
Интер, можеби, ќе биде знатно ослабен во пресрет на дерби мечот од осминафиналето на Лигата на шампионите со Челзи. Прашање е дали првиот голман на нероаѕурите Жулио Цезар ќе биде спремен до среда, кога двата фудбалски гиганта ќе се судрат на Џузепе Меаца.
Бразилецот доживеа сообраќајна несреќа во неделата навечер, во близина на Меаца, додека го возеше своето Ламборџини. ВО понеделникот наутро, пријател го довел на тренингот на екипата во спортскиот центар „Апијано Џентиле“, а лекарите му препорачаа да мирува.
„Кориере дело Спорт“ објави дека еден од најдобрите светски голмани в среда ќе биде заменет од Франческо ТОлдо, кој бранеше само еднаш оваа сезона во Купот на Италија, а извештаите на ТВ мрежата „Скај Спорт Италија“ наведуваат дека Бразилецот се здобил само со исекотини на лицето. Извештајот за сударот сеуште не е објавен.
Веста за сообраќајната несреќа во која учествувал Цезар е потврдена на официјалниот сајт на Интер, каде е изразена надеж дека Бразилецот ќе биде спремен за дуелот в среда. Медиумите во Италија пренесуваат дека ситуацијата го разбеснила тренерот Жозе Мурињо и дека атмосферата меѓу Интеристите не е на завидно ниво пред мечот на сезоната.
Интер за дуелот со Челзи секако ќе биде без Кристијан Киву, Марко Матераци и Давид Сантон, додека Диего Милито и Дејан Станковиќ се обидуваат да се опорават од повредите и нивниот настап сеуште не е потврден.
Мечот помеѓу Интер и Челзи ќе го суди Шпанецот Мехуто Гонзалес, кој е УЕФА интернационалец од 1999. година. Досега четири пати му судел на Интер, трипати бил среќен, а еднаш им „донел“ пор