Што кур игра Занети во среден ред може некој да каже освен тоа што го остава срцето на теренот??? Ја правиме истата грешка како Милан кој не можеше да му каже не на Малдини. Хамшик, Рибери, Цеск Фабрегас, Станковиќ, Снајдер, Мота, Камбијас, Марига сите се класа подобри играчи од Занети кога се во прашање обврските од средниот ред и организирање напади. Потребни се играчи што ќе го раздвижат тимот што ќе го забрзаат темпото а не кој ќе ја враќаат топката назад кога ќе ја добијат.
Занети може да биде корисен за тимот само ако игра како лев бек. Уште една година преку сила и после го ставаме во управа на клубот. Никогаш нема да можеме да се натпреваруваме со екипи како Барса, Реал, Челзи и Манчестер додека го имаме Занети во средниот ред.
Немојте да ме сватите погрешно, го поштувам играчот многу, го ценам за тоа што го направил и го прави за тимот, ама тоа место во средниот ред треба да го добие некој многу подобар играч.