Фан Клуб: Интер

Статус
Затворена за нови мислења.
Мурињо: Среќни сме што го имаме Пандев

Интер го доби градското дерби во Милано, Горан Пандев беше јунак на натпреварот. Жозе Мурињо е презадоволен од играта на неговиот тим и не го крие тоа во своите изјави.
Пандев требаше да биде повлечен од игра, но тој беше оставен да го изведен слободниот удар од кој го постигна убавиот гол.
"И претходно сум рекол дека среќниот тренер и подобар од добриот тренер. Горан требаше да излезе, но се работеше за среќа и инстикт, некој ми реше да го оставам на теренот уште неколку минути. Фудбалот е игра и понекогаш ви е потребна малку среќа. Ние имаме среќа што го имаме Пандев, среќен сум што имам многу добри фудбалери кои мислат само на победа" - вели Мурињо.
"Ние покажавме се, покажавме дека можеме да загубиме само доколку имаме шест фудбалери на теренот. Со шест фудбалери ќе загубевме, со седум победата ќе беше наша" - Мурињо коментира во негов стил.
"Но ова не беше вид на натпревар за кој сонуваат тренерите. Таков натпревар е оној во кој вашиот тим ќе победи, ќе игра многу добро, исто и противникот и судијата. Ова беше перфектен натпревар".
"Ние победивме денеска, Интер одигра спектакуларен натпревар од секоја гледна точка. Од првата минута можевме да видиме силен тим".
"Ова беше натпревар во кој моите фудбалери беа фантастични и Милан си ја играше неговата игра. Нема што повеќе да се каже" - изјави Мурињо.


 
Никогаш не сум навивал за Интер ама од вчера..:toe:.. за кој друг?
Онаква среќа од дете немам почуствувано. Да ни е здрав и жив Пандев!!!
Браво за Жозе, од вчера и него го засакав :)
Се гледа дека си бил во заблуда, простено ти е !
Добредојдет во нај саканиот клуб од страна на не италјанците.
 
Честито за Интер вчерашните два црвени посебно првиот беа срамни одлуки на судијата. За Милан нема што да се каже ако не менува нешто мислам дека 6то место во калчо лига ќе му биде загарантирано.
 
Веќе оноа апла е очигледно дека подобро му оди на тимот со тројца во средниот ред плус Снајди пред нив, Милан беа ставени во џеб у први 20 минути, реков, дај батали покер овие на ројал флеш идат, штета што Снајди беше исклучен.

Ај што Интер имаа играч помалце, па и моторот на екипата беше тргнат на страна, и пак, имаа статива, имаа шанса преку Милито и постигнаа гол, плус на крајот и зицерче за 3-0 имаа, Маикон требаше таа топка да ја додаде до Балотели ама исебичи грдо.

И на крај, еден коментар даден од горд миланиста :

24012010-176637.jpg
 
Маестрална победа.Се надевам вака ќе продолжиме и понатаму.Во четврток очекувам да го решиме на јувентус и да завршиме со Италија и да се концентрираме на ЛШ и дуелот со Челзи.FORZA INTER. PAZZA INTER AMALA
 
bravo za Pandev... kako Recoba go izvede slobodniot, zver
se vide koj e koj vo italija, neka ne se jacaat ovie penzionerive vise
 
Секоја чест за грата и честитки за победат :smir: Судијава го упропасти дербито но што е тука е вие бевте 2 пати појаки од нас и заслужено ги зњемавте 3 бода :salut::salut:
 
Честито за Интер вчерашните два црвени посебно првиот беа срамни одлуки на судијата. За Милан нема што да се каже ако не менува нешто мислам дека 6то место во калчо лига ќе му биде загарантирано.

По срамно од онаков црвен картон и уништување на дербито беше само жолтиот за Лусио. Дури и да симулирал. Жолт картон за симулирање на центарот од теренот :pos2:

Судијата заборави дека Станковиќ не е во игра и нема кој да постигне гол од центар :pos:
 
Уште од сеа да ви честитам титула во сериа а...ЧЕСТИТО ТИТУЛА...:tv:
А за со Челзи ке видиме тоа...:tv:
 
Уште еден must see клип.


Кој лудак е овој... :pos2:
 
Честитки од се срце. Интер ми бил омилениот италијански тим, но вчера се радував ко да победува Македонија. А и Македонија победи всушност. Секоја чест за Пандев, супер утакмица изигра, супер гол... малиот е мајстор!!!!!
Чуството кога десетина пати во фокусот на режисерот беше македонското знаме.... priceless.... уште многу вакви моменти да видиме. :helou:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom