Обично мразам постирање на исфорсирани youtube клупови, полни со зум-стоп-зум-текст-замаглување ефекти... но, хеј ова не е еден од тие клипови а богами и подолго ќе потрае
MANCHESTER UNITED
Повредени: Hargreaves, Anderson.
Играчи кои не се доволно закрепнати од повредите: Rooney, Evra.
Повредите на Андерсон и Харфрив многу ќе го мачат стариот Ферги, во моментов е затекнат со повреди во клучен оддел на неговиот среден ред, тоа е голем плус за нас ако се земе во предвид нашиот среден ред, кој и не е така добар кога е во прашање нападот. Сега Фергусон има само мал фонд на играчи кои ќе може да ги смести на тој дел од теренот, па во случај на повреда на уште некој играч... лошо им се пишува. Евра би требало целосно да се опорави, а пак настапот на Руни е во знак прашање.
Во последните пет дуели на Јунајтед, забележале пет победи. Четири од нив со резултат 1:0.
41 постигнат гол, 10 примени, прва позиција на табелата.
Во Премиер лигата има само три тима, со повеќе постигнати голови и нема тим со помалце примени.
West Ham : Man Utd 0 : 1
Man Utd : Everton 1 : 0
WBA : Man Utd 0 : 5
Bolton : Man Utd 0 : 1
Man Utd : Wigan 1 : 0
Дерби дуели:
Liverpool : Man Utd 2 : 1
Chelsea : Man Utd 1 : 1
Arsenal : Man Utd 2 : 1
Aston : Man Utd 0 : 0
Man Utd : Chelsea 3 : 0
Заклучок:
Се чини дека, на гостински терен Манчестер игра многу полошо и се мачи да постигне погодок. Повеќето од нивните победи на гостински терен се со резултат 0:1, и гол постигнат во првите минути од мечот, пенал или на крајот од натпреварот.
Ситуацијата на домашен терен не е ништо подобра, но сепак има еден феномен кај нив. Ретко примаат голови, но сепак кога примаат... примаат многу. Против еден Hull 4:3.
Резултатите од дерби дуелите ја докажуваат мојата поента, играат многу лошо надвор од Олд Трафорд. Немаат издвојувано победа во нити едно дерби, на гостински терен!
Лига на Шампиони
2 победи, 4 нерешени. Девет постигнати, 3 примени гола.
Две победи над двата најслаби тимови и две нерешени со оние од средината, плус уште две ремија со слабите тимови.
Man Utd : Villareal 0 : 0
Aalborg : Man Utd 0 : 3
Man Utd : Celtic 3 : 0
Celtic : Man Utd 1 : 1
Man Utd : Aalborg 2 : 2
Villareal : Man Utd 0 : 0
Како што напоменав, не изгледаат така импресивно во големите мечеви. Единствената голема победа во таквите дуели ја издвојуваа против еден Челзи кој беше пратен на ремонт.
INTERNAZIONALE MILANO
Повредени: нема.
Играчи кои не се доволно закрепнати од повредите: Vieira.
Фактот што Виеира не е сигурен за овој дуел е голем минус за нас. Некои ќе речат, па што ионака сезонава не се изнаигра но, не. Искуството кое французинот го има насобрано во сите тие сезони поминати во Премиер лигата, во дресот на Арсенал може да биде пресудно.
Статистика од последните пет дуели.
Четири победи, еден нерешен резултат. Прво место во Сериа А.
42 постигнати, 17 примени. Во Италијанската лига не постои тим со повеќе постигнати, а помалку примени голови од Интер. Прилично импресивно
Inter : Milan 2 : 1
Lecce : Inter 0 : 3
Inter : Torino 1 : 1
Catania : Inter 0 : 2
Inter : Sampdoria 1 : 0
Дерби дуели:
Roma : Inter 0 : 4
Inter : Juve 1 : 0
Fiore : Inter 0 : 0
Milan : Inter 1 : 0
Inter : Milan 2 : 1
Заклучок.
Се чини дека играме подобро на гостински терен. Тимовите кои гостуваат на Џ. Меаца се повеќе ориентирани кон дефанзива, па затоа често сезонава Интер имаше проблеми да ја пробие гостинската одбрана која се состоеше од 4-5 дефанзивци и среден ред кој делуваше дефанзивно. Од друга страна пак, кога се во прашање гостувањата на Интер, секогаш имало доста голови. Против Лацио на Олимпико 3, (0:3), против Палермо (0:2), против Рома(0:4)...
Лига на Шампиони
Две победи, две нерешени, два порази. Осум постигнати, седум примени.
PAO : Inter 0 : 2
Inter : Werder 1 : 1
Inter : Anorth 1 : 0
Anorth : Inter 3 : 3
Inter : Pao 0 : 1
Werder : Inter 2 : 1
Доста лошо, навистина голем контраст кога се во прашање дуелите во Италија со оние во Европа. Според овие резултати и статистики се чини дека Интер не е шампионот на Италија, туку некој аутсајдер.
--------------------------------------------------------------------------
Одличната одбрана на домашниот терен на Манчестер, Олд Трафорд значи дека ние МОРАМЕ да го добиеме натпреварот на Меаца, МОРАМЕ ако сакаме да одиме понатаму. 1:0, 2:0 па дури и резултат од 2:1 гарантирам дека ќе не однесе понатаму. Се разбира, добро би било да не примиме гол, бидејќи на Олд Трафорд ќе бидеме под огромен притисок, што нашите играчи не знам колку ќе го издржат со оглед на тоа што ретко играле на вакви натревари(се разбира во Европа).
Ако се земе во обзир нивната немоќ да постигнат гол на гостински терен и нашата немоќ да постигнеме повеќе голови на домашен терен, плус нивниот одличен дефанзивен рекорд на домашен терен и нашиот перфектен напад на гостински, можам да речам дека само нијанси ќе го решат дуелов на овие два титани. Дури би одел до таму, што би прогнозирал дека е можно изведување на пенали за одлучување на победникот!
Ова е она што го гледа и предвидува еден фан на Интер но, се разбира овде ќе влијаат уште многу фактори, како слабата ментална стабилност на неколку играчи кои ќе носат црно-син дрес, кредитот кој Кристијано го има кај судиите, неговите симулации и пргавоста на Ибрахимович. Едно е сигурно, ако УЕФА не избери мудро кога се во прашање судиите... нема играчите да го решат дуелот, туку судијата. Или ќе гледаме оскаровска глума и заштита на Манчестеровите ѕвезди или ќе има крв и пот, а богами и коски оставени на терен од страна на Интеристите. Се надевам на она второто, се плашам од првото. Не ја оставам паролата нека победи подобриот, ќе ја оставам она другата. Нека победи фудбалот и да уживаме во 180-те минути(+) кои ни претстојат.
Едит, статијава заборавив да ја објавам пред некој ден.
Затоа фалат последните дуели. 