Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата 2manyfreaks
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
UFFICIALE - Quaresma passa al Chelsea
 
Дали е изводливо Џенас да биде пријавен во листата на играчи за ЛШ ? Ако е изводливо истото, тогаш сум за реализација на трансферов, последните информации велат дека Кварезма е веќе во Лондон но и Челзи се замешале во врска со истово, како и да е, сеедно, Џенас во случај да дојде ке биде големо освежување за средината, ете ви играч кој може да повлече топка, вонсериски тип на играч е, игра на повеќе позиции мада јас ус пут би го собрал и Модрич :D .

Изводливо е, зошто да не? Освен ако мислиш шо бил пријавен за УЕФА, па еве Реал сега се заеба за то. Дозволено е еден играч шо играл во УЕФА есеноска да биди пријавен во ЛШ пролетва, во случај на трансфер. Џенас би бил еднио.

Кварезма во Лондон? Челзи се замешал? Не верувам, особено не во второво.

Инаку, во Англија од 18:00 до 19:00 по наше време (5pm - 6pm по нивно) ФА одобри час плус за сите клубој шо веќе договориле трансфери, а поради големото невреме (особено во Лондон) сите работи не се завршени околу, да се дозарвшат. Така да, ако има нешто, досега е готово.


ЕДИТ: ААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААА! КВАРЕЗМААААААААААААААААААА!!! :nesvest:
 
Изводливо е, зошто да не? Освен ако мислиш шо бил пријавен за УЕФА, па еве Реал сега се заеба за то. Дозволено е еден играч шо играл во УЕФА есеноска да биди пријавен во ЛШ пролетва, во случај на трансфер. Џенас би бил еднио.

Кварезма во Лондон? Челзи се замешал? Не верувам, особено не во второво.

Инаку, во Англија од 18:00 до 19:00 по наше време (5pm - 6pm по нивно) ФА одобри час плус за сите клубој шо веќе договориле трансфери, а поради големото невреме (особено во Лондон) сите работи не се завршени околу, да се дозарвшат. Така да, ако има нешто, досега е готово.
Готово е друже, добивте нов играч, така да падна и муабетот за Џенас, Интер се што добија е играч помалце во тимот, недај боже сега да паднат пвреди во средниот ред .

Иначе прашував дали е можно, зашто вчера беше објавен списокот па да не поминал рокот, али не е битно, сега читав демек ова како олеснување за летниот преоден рок да го донесат Дрогба . . . . не ФАЛА, очајни се сезонава Атлетико Мадрид, се знае кој ке биде донесен со оглед дека не обезбедуваат пласман за ЛШ наредна година .
 
Дали Кварезма беше пријавен за ЛШ есеноска?
Да, играше скоро на сите дуели ако не се лажам, нема право на настап за Челзи во ова натпреварување .
 
Зато и прашав, не бев сигурен дали беше пријавен. Со оглед на шансите за Премиер Лига, ова е џабе за Челзи. Освен ако не е планиран за следната сезона во Челзи ако се покажи, и некаква трампа за Дрогба.
 
Аххх каков преокрет на настаните околу Кварезма сагата. Сколари не го играше во репрезентацијата, се плашам тоа да не биде случај и со Челзи.
Сепак честито за Челзи и се надевам дека Кварезма ќе ја најде формата таму и ќе ни го вратите ЅВЕР :)
 
Дали Кварезма беше пријавен за ЛШ есеноска?

Да беше пријавен.

ЛЕЛЕ не ми се верува што направивме цццццццццц

Првин цело лето го бркавме Кварезма за да го ангажираме во последниот ден од летниот период, потрошивме богатство и на крајот го позајмивме по пет месеци.

Ајде да го оправдаме тоа со тактиката на Мурињо 4-3-3 што неможе да се примени во Италија. Ако веќе играме со 4-4-2 зошто не ангажиравме асален плејмејкер????? Ќе играме во агонија до крајот на сезоната, ќе се мачиме на сите натпревари. Ќе треба да се молиме да постигнуваме погодок во првите 20 минути зошто само така ќе може да развиваваме добра игра во останатиот дел од натпреварот. Во спротивно ќе се мачиме како со Торино, Џенова, Удинезе, Фиорентина и уште неколку натпревари, и ќе се молиме на индивидуална акција пред се од Ибра.

Многу не сватливи потези од моја страна. Па уште кога прочитав ЌЕ ДОБИЕМЕ ПРЕДНОСТ ВО ПРЕГОВОРИТЕ СО ДРОГБА. Па што кур ќе ни е тој на Меаца. Имаме двајца напаѓачи што се подобри од него и што се помлади. Ако веќе купуваме напаѓач тука е Милито, Агуеро, Тевез, Бензема и уште милион други. Што кур ќе запињаме по сељакот Дрогба.

Имаше едно мало интервју со Мурињо го прашуваат зошто шампионскиот Челзи бил подобар од овој Интер и паметниот вели: Јас го направив Челзи, јас ги донесов играчите што ги сакав јас го создавов тимот, Интер веќе беше созададен и јас морав да се справам со тоа!!!!!!

Како ПРВО самиот знаеше што го чека и што добива со превземањето на ИНТЕР.

ВТОРО. Морати му ги исполни желбите, ги сакаше Мунтари, Кварезма и Мансини, му ги донесоа. Практично ние играме со истиот тим од лани. Едноставно Мунтари е единствената промена.

ТРЕТО. Ги прави истите грешки како Манчини. Даваме пари за играчи и тоа огромни суми, а воопшто не ги користиме. Играме со шест дефанзивци во тимот нешто што ми се плачеше кога ќе го видев составот на Манчини.

Единествена надеж ме и дека поради искуството можеби Мурињо ќе ни донесе поголем успех во Лигата на Шампионите
 
НЕ Е ПРОДАДЕН!!!
Позајмица од 6 месеци! 30 јуни и ако Челзи не е задоволен го пакуе и сосе партали лета во интер!
 
Аххх каков преокрет на настаните околу Кварезма сагата. Сколари не го играше во репрезентацијата, се плашам тоа да не биде случај и со Челзи.
Сепак честито за Челзи и се надевам дека Кварезма ќе ја најде формата таму и ќе ни го вратите ЅВЕР :)
Кварезма никогаш нема да го видиме како играч на Интер, ако се покаже во Челзи таму и ке остане, овие зделки се такви, прво го позајмуваш и одредуваш цена за иднина, ако се покаже и ако Челзи ја плаќа цената која ја бара Интер во договорот, тогаш по автоматизам се прифаќа понудата, како клаузула му доаѓа истово . :smir:
А ако се врати, тоа значи не ги задоволил и очекувањата во Англија, така да ке биде продаден или ке го користат за некоја трансфер цел . :toe:

ЛЕЛЕ не ми се верува што направивме цццццццццц
Да ни мене, бар да донесеа некое засилување, тимов е далеку од константен во моментов, нестабилно ми делува.
 
Аххх каков преокрет на настаните околу Кварезма сагата. Сколари не го играше во репрезентацијата, се плашам тоа да не биде случај и со Челзи.
Сепак честито за Челзи и се надевам дека Кварезма ќе ја најде формата таму и ќе ни го вратите ЅВЕР :)
Едно е Роналдо, искуснио Симао за месец дена, друго е повременио блесок на Калу и инфериорнио Малуда. за 5 месеци. :)
И да биди ѕвер во Челзи, во Италија пак тешко успева. Дрогба ебаго. :smir:
 
Абе голема глупост на Мурињо... Сеа нека го шитне и Мансини на Падова... Ова лето имавме тапа трансфери, во споредба кога беа донесени Маикон, Максвел, Ибра, Камбијасо, Самуел... со други зборови кога Бранка го имаше главниот збор околу трансфер пазарот.

Срамота е...

Едно е Роналдо, искуснио Симао за месец дена, друго е повременио блесок на Калу и инфериорнио Малуда. за 5 месеци. :)
И да биди ѕвер во Челзи, во Италија пак тешко успева. Дрогба ебаго. :smir:

Абе што Дрогба, старичок е веќе... Ќе ни го тупнете старо дртало.... :)
Дајте ни го Кварезма назад! :) Ама ѕверосан :pos2::pos2::pos2:
 
Не е глупост, размислете малце.

Супер паметен потег на Мурињо. Кварезма може да се докаже кај Сколари кој ја има изгубено довербата во неколку играчи од Челзи. Го тренираше и како селектор на Португалија и е свесен во неговите квалитети. Англиската лига, супер ќе му легне на Кварезма таму се бара така технички дотеран и брз фудбал без многу тактика. И да, сигурно добивме прва опција на Дрогба за следниот трансфер период.

Во најлош случај, ќе ни го вратат Кварезма на 30 јуни или пак ќе проработи... па ќе достават супер понуда која ќе ја прифатиме. As simple as that.

Браво за Мурињо и администрацијата.
 
Мурињо мислеше во Италија ќе помини ко во Англија, со двајца крилни и еден шпиц. Ама таква игра во Италија тешко успева, и сето то надополнето со пропаѓањето на можноста Лампард да заигра за Интер како плеј од светска класа. Мурињо како грешно да процени како е можно да се игра во Италија, и сега е свесен за грешката. Макар шо и ја сум изненаден, единствена логика гледам во преголемио број играчи на Интер.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom