Мурињо загрижен поради повредата на Матераци
Жозе Мурињо изјави дека е загрижен поради дефанзивната линија на својот тим, особено откако Марко Матераци заработи повреда на синоќешниот натпревар против Јувентус во рамките на Трофео Тим купот.
Интер не се прикажа во светло издание на Трофео Тим купот синоќа, Нероазурите го освоија третото место во конкуренција на Милан и Јувентус.
Особено загрижувачки за тренерот на Интер е повредата на коленото на Марко Матераци кој мораше да го напушти дуелот со Јуве уште на самиот почеток.
"Среќните работи беа тие кои ги одлучија двете мини пријателски натпревари, ние по повредата на Матераци останавме само со еден природен централен дефанзивец" - изјави Жозе Мурињо.
"Јас сум загрижен поради ситуацијата во дефанзивната линија. Ние најпрво треба да ги почекаме медицинските резултати од повредата на Матераци, има проблеми со мускулот, но тоа е се што знаеме во моментов".
"Тешко е да го ставате Андреа Меи или Естебан Камбиасо покрај Николас Бурдисо".
"Како и да, важните натпревари доаѓаат за еден месец и треба да бидеме подготвени за тогаш".
Новото засилување на Интер, Салиј Мунтари не ги оправда очекувањата, тој допрва треба да докаже дека е способен со успех да го носи дресот на славниот италијански клуб.
"Тој изгледаше малку уморно. Тој веќе работеше со својот стар тим пред да допатува кај нас, а патувањето уморува".
"Без разлика на тоа, беше корисно тоа што тој беше во нашиот тим и одигра добро по левата страна. Тој покажа и офанзивни карактеристики и дека е фудбалер кој добро би му дошол на нашиот тим" - заврши Жозе Мурињо.