Само да ве корегирам за тоа со настапите за репрезентациите.
Мексес треба да игра или Турам?
Занети треба да игра или Бурдисо?
Макелеле треба да игра или Фламини?
Примери има еден тон. Не е се во тоа, многу играчи се стандардни во репрезентацијата а греат клупа по клубовите. Само ради искуството стојат во стартните 11 на континенталните натпреварувања. Така да не ви држи вода тој муабет.
И Мунтари сакам да го видам во дресот на Интер, бидејќи има голема перспектива, може да стане добар како Виеира. Добро ја чита играта, физички е одлично спремен, знае да се уфрли во напад, пука проектили од 30тина метри... комплетен играч.

Секако, како по обичај goal.com излезе со цифра и валута која не е нити блиску до реалната, какви 15 м фунти? Интер ќе понуди некаде околу 16 м евра за услугите на нигеров.