Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата 2manyfreaks
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Да речеме се врати Адри во Интер , свесни сте дека со истото Манчини ке мора да остане , Мурињо нема шанса да дојде а причината е следнава . . . Мурињо секогаш преферирал игра со само еден напаѓач т.е. формација 4-3-3 , знаете дека и самиот беше против доаѓањето на Шева во Челзи зашто во состав со Шева и Дрогба ке мораше да ја менува тактиката во 4-4-2 или едниот од нив да играше како страничен полушпиц ( нешто што е проблем сега во Барса со Ето и Анри ) , што и подоцна се покажа дека тој трансфер на Шева заедно со Балак беше целосен промашај на спортските директори на Челзи т.е. дека оправдани беа претходните реакции на Мурињо а и затоа сега типот поставува услов тој да биде одговорниот во тимот за трансфер маркетот . Што ке се прави со таков состав , Адри ке биде еден од најплатените , истото е и со Ибра, ке мора двајцата да играат во првиот состав или па со инатот на Мурињо еден да остане на клупата и година подоцна да се продаде што бар мене не ми е логично .
Што е со Балотели , и тоа ке биде уште еден пропаднат талент во Интер ? Или ке го позајмуваат по клубови се додека не се отвори место за него во првиот тим , што и самиот играч имаше изјавено дека не го сака дури имаше и шпекулации кои го поврзуваа со Челзи . Баталете тоа што има 17 години , тргнете од Руни и Роналдо , истите беа стандардни првотимци на негова возраст .

А и да остане Манчини , пак ке се игра со двајца статичари во нападот со целосно префрлање на средината , т.е. ке се силува играта , ке се игра оној типичен досаден интерашки фудбал со целосно игнорирање на средината , нешто што го гледам кај Интер добри 10 години.

И се покажа дека варијантата со еден напаѓач и еден полушпиц Интер може да ја игра ( а истата мене ми е омилена ) , ја контролира играта ( што беше реткост сезонава , освен на мечот со Фиорентина ) а и го неутрализира противникот , мечот со Аталанта беше таков каде Балотели играше зад Креспо т.е. се почна со 4-4-1-1 формација , нешто што неможе Ибра и Адри да го играат т.е. се отвара една голема дупка меѓу нападот и средината а истата со Балотели ја немаше , затоа и имаа доминација и посед на мечот со Аталанта , а да повторам , истото сезонава недостигаше кај Интер т.е. истото недостига веќе неколку сезони .
 
Абе глеајте само будалава манчини да не го испушти балотели!
кој забележа некна сите слободни удари и корнери ги изведе тој!
Он нафрли од корна кога даде Виеира гол!
 
Така де, после имаше и изјави дека чудно е голем тим како Интер да нема добар изведувач на слободни и корнери. Сега, Интер со СуперМарио и има кој да ги изведува истите...

Одличен е за слободни, нешто слично како Адри само што е десничар иначе слична техника на изведување на слободните има. Корнерите и длабоките нафрлени топки се само плус... браво, браво секоја чест за малиот.
 
Не верувам дека од Манчини би добивал многу шанси како стартер..и сепак нема големо искуство за да се ослониме на него како прв шпиц
 
Ливерпул пак се извлекоа со помош на судиите!
Незнам на кој беше постот овде во фан-клуб Интер кога пиша
Ако Уефа мисли дека Ливерпул треба да биде шампион нека каже уште сеа да не трчаат другите за џабе!
 
четири утакмици победуваат благодарение на судиски одлуки .... ама тоа имаме ние попаметни работи отколку да се замараме со тоа.
 
Повторно шпекулации за Диара.. Одличен играч е и ни треба замена за Виера но сепак мислам дека Реал нема да се сложи да го даде за мали пари.. го зеде над 25 мил евра па ќе сака да врати дел од парите.. А Нас играч како Диара не ни е најпотребен.. Пеле може да го замени Виера.. сепак мислам дека 90 % од лето тој ќе дојде во Интер.
 
Денеска прочитав на Коха (Време) дека Креспо ќе си одел, ако Манчини остане на кормилото на Интер и следната сезона.
Изгледа на човекот му се смачи чекајќи место во стартните 11, место кое го добива ептен ретко, со оглед на неговиот талент.
Манчини аут. Џабе потрошени 4 милиони евра годишно бе Масимо, џабе потрошени. Ај, и тебе ќе ти дојде паметот.
 
И јас сакам Манчини никогаш да не си оди од Интер...







... исто како што Фиго никогаш немаше да си оди од Барса.
 
Повторно шпекулации за Диара.. Одличен играч е и ни треба замена за Виера но сепак мислам дека Реал нема да се сложи да го даде за мали пари.. го зеде над 25 мил евра па ќе сака да врати дел од парите.. А Нас играч како Диара не ни е најпотребен.. Пеле може да го замени Виера.. сепак мислам дека 90 % од лето тој ќе дојде во Интер.


Супер играч е Диара али што е со Камбиа т.е. пак ли ке се игра со двајца деструктивци централно во средината , смачено ми е од таквиот фудбал , досаден до максимум плус таквиот начин на игра никогаш нема да донесе било каков успех во лигата на шампионите ( а не зборам за освојување на титулата ) .
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom