Да речеме се врати Адри во Интер , свесни сте дека со истото Манчини ке мора да остане , Мурињо нема шанса да дојде а причината е следнава . . . Мурињо секогаш преферирал игра со само еден напаѓач т.е. формација 4-3-3 , знаете дека и самиот беше против доаѓањето на Шева во Челзи зашто во состав со Шева и Дрогба ке мораше да ја менува тактиката во 4-4-2 или едниот од нив да играше како страничен полушпиц ( нешто што е проблем сега во Барса со Ето и Анри ) , што и подоцна се покажа дека тој трансфер на Шева заедно со Балак беше целосен промашај на спортските директори на Челзи т.е. дека оправдани беа претходните реакции на Мурињо а и затоа сега типот поставува услов тој да биде одговорниот во тимот за трансфер маркетот . Што ке се прави со таков состав , Адри ке биде еден од најплатените , истото е и со Ибра, ке мора двајцата да играат во првиот состав или па со инатот на Мурињо еден да остане на клупата и година подоцна да се продаде што бар мене не ми е логично .
Што е со Балотели , и тоа ке биде уште еден пропаднат талент во Интер ? Или ке го позајмуваат по клубови се додека не се отвори место за него во првиот тим , што и самиот играч имаше изјавено дека не го сака дури имаше и шпекулации кои го поврзуваа со Челзи . Баталете тоа што има 17 години , тргнете од Руни и Роналдо , истите беа стандардни првотимци на негова возраст .
А и да остане Манчини , пак ке се игра со двајца статичари во нападот со целосно префрлање на средината , т.е. ке се силува играта , ке се игра оној типичен досаден интерашки фудбал со целосно игнорирање на средината , нешто што го гледам кај Интер добри 10 години.
И се покажа дека варијантата со еден напаѓач и еден полушпиц Интер може да ја игра ( а истата мене ми е омилена ) , ја контролира играта ( што беше реткост сезонава , освен на мечот со Фиорентина ) а и го неутрализира противникот , мечот со Аталанта беше таков каде Балотели играше зад Креспо т.е. се почна со 4-4-1-1 формација , нешто што неможе Ибра и Адри да го играат т.е. се отвара една голема дупка меѓу нападот и средината а истата со Балотели ја немаше , затоа и имаа доминација и посед на мечот со Аталанта , а да повторам , истото сезонава недостигаше кај Интер т.е. истото недостига веќе неколку сезони .