Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата 2manyfreaks
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Тоа е Калчо Комеди-зафрканции на квадрат односно колумна во која навивач на Милан се пали на тоа што адриано ја изгуби довербата на мурињо!
 
На Goal има текст, според кој наводно Адриано е избркан од Интер!! Јас досега не сум видел таква официјална информација, ама овие тврдат дека имало соопштение од Интер официјално! Адриано се забавувал со некоја Габриела до раните утрински часови, наместо да ја е*ава цела вечер, таа го натерала да му се јави на Мурињо, да му вика дека го сакал... незнам што друго... после тоа таа стегнала на редиал, кога се јавил Мурињо му рекла дека се вика Габриела, да дојде во хотел Хилтон, соба бр. 433 како неговата омилена формација... Мурињо го известил Морати кој не трошел мн време и веднаш го избркал Адриано од Интер! Договорот му бил прекинат!! Колку е ова вистина незнам... чекам некое соопштение од Интер... овај Адриано не е салам бе... :kesa:

Имаш на почетокот од текстот напомена дека истиот е сатиричен . Смешен беше делот кога таа Габриела му вика на Мур дојди во соба 433 , иста како и твојата омилена формација :D . Типична Калчо сторија , медиумско внимание , затоа им се празни стадионите, нешто за што и самиот Мур збореше на почетокот од првенството , поради многуте шоу-емисии поврзани со Фудбалот во Италија .
 
Не бе какво бркање хехе ... Така ако се бркало ај тиии .. Таман Адриано се врати до некаде и сеа ај ке го бркаме .. Глупо е ххх
 
Има текст на официјалнава страна на која Мурињо зборува нешто за утакмицава утре, зборува нешто и за Адриано ама сеуште не е преведен на англиски. Баш ме интересира што има да кажи за Адриано, кого повторно не го викнал за утре со Реџина..
 
Ах, добрите стари денови. Баш вчера со Nightwalker за тој натпревар правевме муабет.
Треба некој ден да се собереме сите да гледаме некоја утакмица заедно, дефинитивно. :)

Треба да се собереме.
Мини-Интер собиранка,и ако случајно се случи спротивно од физичките закони да изгубат,да го искршиме дотичниот кафич каде што ќе седиме.
Или да не ја платиме сметката. :)
 
Мурињо: Адри можеби е важен за дуелот со Реџина, но принципите се поважни Тренерот на Интер, Жозе Мурињо вели дека Адриано би можел да биде од голема важност за утрешниот дул со Реџина, но поради принципите Бразилецот ќе го пропушти дуелот
adri-mourinho.jpg
“Мојата филозофија е дека играчите мораат да се адаптираат на начинот на кој се размислува за тренинзите.” – рече Мурињо. “Незнам дали Адриано рабира зошто е надвор, навистина незнам.”
“Ако веќе збориме за некој кој му е посветен не само како тренер тука и со срцето како пријател, таа личност сум јас.”
“Но не смееме да заборавуме, а јас никогаш тоа не го заборава, дека тука станува збор за цела група на играчи, и целата екипа треба да се стави пред се останато.”
“Јасно е дека Адриано ќе ни биде од голема важност за утрешниот натпревар со Реџина, но повторувам, има одредени принципи кои доаѓаат на прво место.”

“Моите принципи се фундаметални за тимот и секој мора да го разбере тоа.“

“Има работи кои едноставно неможам да ги прифатам. Патот за враќање е напорен и долг но
 
Во вторник ако тепаме кај Анортозис обезбедуваме прелаз натаму или не?
 
Има текст на официјалнава страна на која Мурињо зборува нешто за утакмицава утре, зборува нешто и за Адриано ама сеуште не е преведен на англиски. Баш ме интересира што има да кажи за Адриано, кого повторно не го викнал за утре со Реџина..

Вака би бил тој текст во скратена верзија , т.е. изјава на Мурињо .

За Адри можам да кажам дека во последниве месеци имаше личност која беше посветена на него не само како тренер , и многу повеќе од тоа , а таа личност сум Јас . А остатокот од интервјуто е веќе видена работа , зборува дека важат правила за цела екипа , и доколку некој истите не ги почитува , не го почитава целиот тим , а со тоа и сите играчи и повторива дека Адри треба да работи премногу не само на тренинзите , и на самата личност за да се врати во тимот и да ја врати довербата на Мурињо . :toe:

А за Интер - Собиранка , нејкете со мене да гледате , прашајте го Мак.Тигар што доживеа кога гледаше Турција - Хрватска со мене ( навивам за Турција повеќе од 10 год на големите натпреварувања ) , а тоа беше нешто минорно во споредба со Интер . Можам да претпоставам дека и дел од вас се такви , така да одберете некоја бедна биртија , штетата да биде помала :D .
 
Who somersaults better? You or Obafemi Martins?
"It's up to the crowds to decide. I know how to do them, the Chievo fans know this well."

кој прави подобри Салта ти или Мартинс:pos2:
 
Syn...Ич не ми се свиѓа како игра Интер од кога дојде Мурињо...А и со Челзи ништо не направи(со оглед на тоа што ги доби сите играчи што ги сакаше)...Требаше Михајлович да биде тренер!
 
Syn...Ич не ми се свиѓа како игра Интер од кога дојде Мурињо...А и со Челзи ништо не направи(со оглед на тоа што ги доби сите играчи што ги сакаше)...Требаше Михајлович да биде тренер!

Грмуш , ај кажи ми кога ти се свиѓале Интер како играле . . . :toe: .
Никој не рече дека Мурињо е чудотворец , тренер е , еве ти одговор , таква игра на Интер сме гледале повеќе од 10 години , на прсти се бројат оние феноменални мечеви , разликата сега е формацијата 4-3-3 , порано се играше 4-4-2 , потребно е време , Мурињо не е тврдоглав нон стоп да тера игра и формација која едноставно не дава резултати , башка што и во Порто и во Челзи имаше креативци и класични плејмејкери преку кои ја градеше играта , а тука такво нешто нема .
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom