Медиумска хајка против Интер!? Се прави се само да се наруши угледот на клубот, да се наруши атмосверата во соблекувалната, се бара секој можен начин да му се наштети на клубот и да му се попречи на патот за скудетото.
Почна да се крева прашина за секоја спорна ситуација која била досудена во корист на Интер, се дигра прашина и зошто толку многу пенали се имаат дусудено за Интер (во кои 99% нема ништо спорно), уште на почеток на сезона и трансверите не беа во ред кои ги правеше Интер (мислам на Суазо).. се правеше се но ништо не им успеа. Тимот остана на здрави нозе и ја продилжи својата неприкосновена доминација во Италијанското првенство.
Медиумите преминаа на план Б, да створат фрактува во тимот, разор помеѓу играчите и управта.
Почнаа да измислуваат изјави на фудбалерите на Интер во кои се навредува некој, се вели дека сака да го напушти клубот, некој не бил задоволен од политиката на клубот, некој од тренерот...
Тоа почна уште на стартот на сезоната со Адриано, продолжи и трае и сега. Се јави новинарска приказна по натпреварот во лигата на шампионите со Ливерпул на Енфилд во кој Интер загуби со 2:0. Наводно Ибрахимович и Матраци повеќе не зборуваат бидејќи Ибрахимович го обвинувал Матераци за поразот и го критикувал пред новинарите како единствен виновник за неуспехот на Интер на овој натпревар. Вистина дека Ибрахимович кога му беше поставено новинарско прашање за слабата игра и неуспехот на Интер против Ливерпул изјавил: "прашај те го Матераци", но подоцна низ разговор Матераци му кажал на Ибра дека немаше контакт што потоа се виде и на снимките и ситуацијата се заврши.
На реваншот на "Меаца" овојпат во главна улога на лошо изрежирано сценарио беше Фиго. Сега тој не сакал да влези на теренот по повикот на тренерот. Но ништо и од ова..
Figo: "I'm here to help the team do its best. I didn't refuse to come on against Liverpool. Just because you journalists reported it, it doesn't mean it's true. I have never refused to come on, even for five minutes.
"The most important thing now is to win the Scudetto. There are no problems. We are all working together to reach our goal."
Најнова сторија е повлекувањето од игра на Ибра, кога тој кога го напуштал теренот лут рекол дека се надева Манчини што поскоро да си замине од томот. Браво за ова! Само како му прочитаа од усните што кажа!
Ја цитирав погоре во некој пост изјавата на Ибра, демантира вакво нешто, вика само дека бил разочаран од својата игра и ништо не рекол за тренерот.
Новинарите пополека наоѓаат начин да се расипе атмосверата во тимот, кога не може милум, силум.
Не прочитав ниту една статија во која беше критикувана грешката на судијата по голот на Рома од офсајд со Милан или пропусти на судиите кога се во прашање другите тимови.
Ме интересира сега што ќе следува од новинарите во наредни кола.. Афера помеѓу некој од играчите и жената на Манчини или некој друг? Ќе биде понајден хероин во соблекувалната? Мислам дека новинарите се опседнати со Интер.. Но кој стои зад сето тоа, Берлускони и Џовани Гигљи или ова е само обична новинарска хајка против шампионот само поради поголема читаност и гледаност на своите медиуми?