Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата 2manyfreaks
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Lauren Blanc: Интер е тежок клуб за менаџирање.
Според него: Манчини успева да го изменаџира, и го поддржува да остане во тимот.

Џиџи Симони: Интер е чуден тим
Сите тренери во Интер биле „нападнати“ од играчи. Вели дека бил среќен што тоа не му се случило нему додека бил тренер. Исто, му дава поддршка на Манчио
 
Денес играта не беше ништо посебно ама сепак очекувана победа и се одржува разликата со Рома што е најважно.
 
Медиумска хајка против Интер!? Се прави се само да се наруши угледот на клубот, да се наруши атмосверата во соблекувалната, се бара секој можен начин да му се наштети на клубот и да му се попречи на патот за скудетото.
Почна да се крева прашина за секоја спорна ситуација која била досудена во корист на Интер, се дигра прашина и зошто толку многу пенали се имаат дусудено за Интер (во кои 99% нема ништо спорно), уште на почеток на сезона и трансверите не беа во ред кои ги правеше Интер (мислам на Суазо).. се правеше се но ништо не им успеа. Тимот остана на здрави нозе и ја продилжи својата неприкосновена доминација во Италијанското првенство.
Медиумите преминаа на план Б, да створат фрактува во тимот, разор помеѓу играчите и управта.
Почнаа да измислуваат изјави на фудбалерите на Интер во кои се навредува некој, се вели дека сака да го напушти клубот, некој не бил задоволен од политиката на клубот, некој од тренерот...
Тоа почна уште на стартот на сезоната со Адриано, продолжи и трае и сега. Се јави новинарска приказна по натпреварот во лигата на шампионите со Ливерпул на Енфилд во кој Интер загуби со 2:0. Наводно Ибрахимович и Матраци повеќе не зборуваат бидејќи Ибрахимович го обвинувал Матераци за поразот и го критикувал пред новинарите како единствен виновник за неуспехот на Интер на овој натпревар. Вистина дека Ибрахимович кога му беше поставено новинарско прашање за слабата игра и неуспехот на Интер против Ливерпул изјавил: "прашај те го Матераци", но подоцна низ разговор Матераци му кажал на Ибра дека немаше контакт што потоа се виде и на снимките и ситуацијата се заврши.
На реваншот на "Меаца" овојпат во главна улога на лошо изрежирано сценарио беше Фиго. Сега тој не сакал да влези на теренот по повикот на тренерот. Но ништо и од ова..
Figo: "I'm here to help the team do its best. I didn't refuse to come on against Liverpool. Just because you journalists reported it, it doesn't mean it's true. I have never refused to come on, even for five minutes.
"The most important thing now is to win the Scudetto. There are no problems. We are all working together to reach our goal."

Најнова сторија е повлекувањето од игра на Ибра, кога тој кога го напуштал теренот лут рекол дека се надева Манчини што поскоро да си замине од томот. Браво за ова! Само како му прочитаа од усните што кажа!
Ја цитирав погоре во некој пост изјавата на Ибра, демантира вакво нешто, вика само дека бил разочаран од својата игра и ништо не рекол за тренерот.

Новинарите пополека наоѓаат начин да се расипе атмосверата во тимот, кога не може милум, силум.
Не прочитав ниту една статија во која беше критикувана грешката на судијата по голот на Рома од офсајд со Милан или пропусти на судиите кога се во прашање другите тимови.
Ме интересира сега што ќе следува од новинарите во наредни кола.. Афера помеѓу некој од играчите и жената на Манчини или некој друг? Ќе биде понајден хероин во соблекувалната? Мислам дека новинарите се опседнати со Интер.. Но кој стои зад сето тоа, Берлускони и Џовани Гигљи или ова е само обична новинарска хајка против шампионот само поради поголема читаност и гледаност на своите медиуми?
 
....Но кој стои зад сето тоа, Берлускони и Џовани Гигљи или ова е само обична новинарска хајка против шампионот само поради поголема читаност и гледаност на своите медиуми?

Ајде кажи ми каква поврзаност има Гиљи со ова, и што би добил доколку е ова вистина?Да беше Јувентус втор, и да имаше шанса да го стигни Интер можев да поверувам, ама во овој случај не..
 
Ајде кажи ми каква поврзаност има Гиљи со ова, и што би добил доколку е ова вистина?Да беше Јувентус втор, и да имаше шанса да го стигни Интер можев да поверувам, ама во овој случај не..
Ривалството помеѓу 2та клуба е големо, Јувентус и Интер почнаа со 0 бодови на старт на сезона, Интер малку се одлепи но не беше некоја недостижна предност, а хајката трае од почетокот на сезоната.. Можеби и Јуве се надеваше на скудето можеби не сум во право не знам, ова беше само предпоставка и повеќе прашање..
 
Ајде кажи ми каква поврзаност има Гиљи со ова, и што би добил доколку е ова вистина?Да беше Јувентус втор, и да имаше шанса да го стигни Интер можев да поверувам, ама во овој случај не..


Што би добил , сатисфакција ваљда , ке уживаат во мизеријата на Интер зашто у случај Интер оваа година да не го освои Скудетото истото ке биде скоро и еднакво на онаа сезона од 2001/2002 т.е. ке биде катастрофа за самиот клуб иако двете сезони се разлика црно и бело , оваа година ако не си примети Сите се против Интер и сите сакаат Рома да го освои Скудетото .
 
Ривалството помеѓу 2та клуба е големо, Јувентус и Интер почнаа со 0 бодови на старт на сезона, Интер малку се одлепи но не беше некоја недостижна предност, а хајката трае од почетокот на сезоната.. Можеби и Јуве се надеваше на скудето можеби не сум во право не знам, ова беше само предпоставка и повеќе прашање..


Inter67
Roma61
Јuventus54

Ривалство имаат што имаат тука нема ништо спорно..Но моменталнава табела, јас мислам дека Интер може само од Рома да биде загрозен, а не и од Јуве.Мислам дека Гиљи нема да си игра и со репутацијата и со се заради маркетиншки трик од кој ништо не би добил..Плус разликата помеѓу Јуве и Интер е 13 бода, а има уште 10кола..Мислам дека нема шанси да се достигни, сепак 13 бода се голема предност...Се знаеше целта на Јувентус, од прво до четврто место, односно пласман во Лига на Шампионите...
 
Што би добил , сатисфакција ваљда , ке уживаат во мизеријата на Интер зашто у случај Интер оваа година да не го освои Скудетото истото ке биде скоро и еднакво на онаа сезона од 2001/2002 т.е. ке биде катастрофа за самиот клуб иако двете сезони се разлика црно и бело , оваа година ако не си примети Сите се против Интер и сите сакаат Рома да го освои Скудетото .

Абе сатисфакција..Мислам дека нема да си ризикува нешто Гиљи додека сето тоа би излегло во јавност, особено после Калчополи, и мислам дека нема да ризикува...Доколку што се однесува на Интер,секогаш тој што е прв тој е на пик, секаде е така, па и во Италија...И Јуве дури беше прв се ваѓаа секакви муабети, трачови некој, некој вистина ама важно се ваѓаат..Да беше Милан прв годинава, и за него ќе се ваѓаа, и за Јувентус...Немојте одма да го правите Интер жртва , тоа е нормална работа..Секогаш првиот ќе биде на пик...А да знаеш дека понекогаш каде што има чад таму има и оган(не во секој случај!Само во некој)
 
Inter67
Roma61
Јuventus54

Ривалство имаат што имаат тука нема ништо спорно..Но моменталнава табела, јас мислам дека Интер може само од Рома да биде загрозен, а не и од Јуве.Мислам дека Гиљи нема да си игра и со репутацијата и со се заради маркетиншки трик од кој ништо не би добил..Плус разликата помеѓу Јуве и Интер е 13 бода, а има уште 10кола..Мислам дека нема шанси да се достигни, сепак 13 бода се голема предност...Се знаеше целта на Јувентус, од прво до четврто место, односно пласман во Лига на Шампионите...
Притисокот почна уште на почетокот на сезоната кога Интер немаше голема разлика но нема врска, да не се расправаме за глупости зашто се е можно, можно е и без причина да се прават вакви работи ниту ти го знаеш човекот ниту јас..

Robert Acquafresca е играч на Интер или Каљари го откупи целиот договор?
 
Robert Acquafresca е играч на Интер или Каљари го откупи целиот договор?


Jaс колку што знам Аквафреска беше вклучен во трансферот на Суазо во Интер така да мислам дека е во целосна сопственост на Каљари .


едит : Сеа на Вики видов , сепак сеуште е во косопственост на Интер заедно со Каљари али како што реков бил дел од трасферот на Суазо .
 
Ako moze da mi kazete datum koa ke igraat Inter-Juventus


На 22ри Март е натпреварот со Јуве а 8 дена подоцна и натпреварот со Лацио во Рим , па на 6ти Април се гостува во Бергамо против Аталанта а на 13ти дома против Фиорентина , значи следуваат 4 пеколни натпревари за Интер .
 
медиумска хајка против интер ?
http://goal.com/en/Articolo.aspx?ContenutoId=625365


Се двоумев дал да го искоментирам истото на форумов , срамота , бар да не го правеа тоа толку очигледно вака ептен некако аматерски , досадни станаа , и ретардирана будала би ја прочитала целта на медиумите .

Која е логиката тоа да го изјавува за Фиго кога типот беше заменет со Креспо , сеуште не ја сваќам статијана на goal.com иако истата е ваљда превземена од некои италијански медиуми , нема логика трачов .
 
Повеќе не обрнувам внимание на вакви глупости, и не ги коментирам.

Значи Acquafresca е во косопственост на Интер и Каљари, па Интер може да го откупи целосно неговиот договор, или да ја продаде својата половина на Каљари или на трет тим за поголеми пари..
Мислам дека ваков талентиран играч не смее да се испушти, млад талентиран играч кој би се снашол во секој тим. Имаме многу напаѓачи во тимот но нека остане уште некоја година на позајмица, ќе стане уште подобар и Интер може да си го врати. Креспо и Круз имаат над 33 години па ни треба замена за нив. Суазо најверојатно ќе замине во лето, ситуацијата со Адриано е скоро непроменета.. Мислам дека му предстои одлична иднина и со Балотели можат да бидат дел од напаѓачкиот арсенал на Интер.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom