Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата 2manyfreaks
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Добро форма само така да продолжи.Добро е и што напаѓачите се ефикасни а и одбраната е цврста.
 
Колку и да звучи неверојатно, сепак со победата над Наполи го подобривме минатогодишниот старт. Уште да успееме да продолжиме вака и се ќе биди супер.
Следното коло се враќаат Матераци и Виеира, па иднината изгледа црно-сина.:)
 
Него, јас дури сум слободен... една анализа да направам.
Само во тоа не јадат миланезите(тој водачот на нивната хулиганска група ја направи:pos:)

За вечерва,
Голмани

Франческо Толдо( 196cm 90kg)

Пантерот од Милано...

Приказната за Толдо има чуден почеток. Љубов кон фудбалот покажувал уште од најмали години, затоа и започнал професионално да тренира. До својата 13 година игра на позицијата десен бек, се додека не се повреди голманот на тимот во кој настапувал Франческо, тогаш тренерот е принуден да ротира. На 13 години за прв пат застанува меѓу двете стативи, тогаш започнува неговата мисија да ја чува мрежата... тука се раѓа легендата на Интер.

Голман со зачудувачка фудбалска вештина, голман кој е главен командант во неговот 16-терец. Извонреден рефлекс, одлична контрола на топката, скротување на високи топки, мајстор за пенали... Во Интер доаѓа од златната генерација на Фиорентина, генерација на Руи Коста, Батистута, Мијатович. Херојот на Италија новиот број 1 на азурите. На големата сцена влета ненадејно, откако на 2 недели пред почетокот на ЕП 2000 се повреди Буфон. Тука беше шансата на популарниот ''Толдоне''. На Европското првенство изигра перфектно, беше херојот на Италија откако успеа да ја донесе во финале со неговите одбрани на седмерците. Имаше и одлични настапи во дресот на Интер, но сепак со доаѓањето на талентираниот бразилец Ж. Цезар сега е ставен во подредена улога. Покажува одличен карактер и надвор од теренот, затоа е миленик меѓу играчите на Интер. Без разлика дали на теренот е број 1 или број 2, кај навивачите Толдо засекогаш ќе остане број 1!!!

Цитат: "Just bcos I dont complain, it doesnt mean that I do not suffer. I sufer a lot sitting on the bench...but my parents taught me to take it like a man"

Потег на кариерата: Овде се двоумам дали тоа е голот што го постигна против Јувентус во 95 минута/или одбранетите седмерци во полуфиналето на ЕУРО 2000.

[media]http://www.dailymotion.com/relevance/search/toldo/video/x22tc0_forza-toldo_sport[/media]

Жулио Цезар ( 186cm 79kg )

Новиот Дида...

30.05.2005
Потценет, исмејуван, омаловажуван, млад, неискусен, 6ти голман на Интер.

08.10.2007
Одличен, со рефлекс на мачка, прв голман на Бразил и Интер и еден од топ 5те голмани во светот.

Хмм, времето не можело да смени се.

Роден во Рио Де Жанеиро, во изворот на фудбалски таленти Бразил. Доаѓа од школата на Фламенго, забележан од скаутите на Интер. На почеток омаловажуван и исмејуван од јавноста и од навивачите кои беа гневни на управата.(хинт: таа година си замина С. Фреи)
Зарем го продадовме Фреи за некој си анонимен младич од Бразил? - беше реакцијата на навивачите на неразурите. Колку само погрешно ќе испадни...
Голман со одличен рефлекс, невиден уште од времето на блескавиот Дида. Прилично низок за голман, но нека не ве залажува тоа, тој сепак одлично се справува со нафрлени топки, одличен е во дуелите еден на еден, има одличен дегажман, специјалист за пенали... освен што е добар со раце, тој може и изведува пенали за клубот(поранешниот) и репрезентацијата т.е. е налик на Роџерио Сени. друг интересен податок е дека минатата сезона во 5 наптревари со ред скроти 4 пенали. Беше дел од бразилската репрезентација која ја освои Копа Америка во 2004 и беше бр. 1 за Бразил. По пензионирањето од репрезентацијата на Дида, станува прв избор кај Дунга. Прикажува одлични игри во ЛШ а особено во првенството каде што минатата сезона на неколку пати го спасуваше Интер.

Цитат: кај него за промена ќе ставам еден интересен момент
02.JPG

:pos::pos::pos:

Потег кој ќе остане запаметен:
Генерално секогаш игра перфектно во дерби средбите од калчото, но средбите со Рома се класика. Побарајте на youtube.com

Ајде сеа еве едно линкче... Најдоброто од Бразил[media]http://www.youtube.com/watch?v=AMUnMOObfKA[/media]
 
Одбрана

Марко Матераци (193cm 92kg)

Matrix Revolution...

Касапот, ѓубрето, провокаторот, свињата, копиљот... хм? - Зборуваме за МатерацИ?
Лошиот тип кој се претвори во херој!

Велат можеш да научиш многу за човекот, ако знаеш што музика слуша. Тогаш што можиме д азаклучиме ако знаеме дека омилената песна на Марко е ‘Between the Stage and Reality’(рок песна во која се опишува славата), хм слава... Звучи познато? - Ајде да се вратиме една година наназад. СП 2006 Германија, финале меѓу Италија и Франција, не постои човек кој не го видел ''моментот'', славниот удар со ќелавица на Зидан во градите на Марко. Моментот за пресврт, не само за мечот, ни за Италија туку моментот на промена на МАтераци. Еден од главните актери во финалето, стрелецот, провокаторот, човекот на мечот. Херој на Италија но омразен од целиот свет. Сепак тој е Марко Матераци, сепак се промени. Јавно му се извини на Зидан, се извини на светот. Од СП навака Марко веќе не е истиот човек... но да тој останува непријател бр.1 на Милан. Останува персона нон грата, човек кој буквално ги уби Шевченко, Инзаги, Руи Коста. Матераци играчот кај кого топката може да пројде но не и фудбалерот. Одличен во дефанзива, влегува жестоко во секој старт, царува во својот но и во противничниот 16-терец. Сепак минатата година имаше и 10 постигнати гола, но сепак тоа не е рекорд за еден одбрамбен играч во калчо лигата. Рекордот изнесува 12 гола во една сезона, а погодете кој го држи? - се разбира Марко, специјалистот за пенали и слободни удари. Еден од најпргавите во ''играта''. Шампионот... шампионот на Италија и шампионот на светот.

Цитат: Фала за дресот, но би ја преферирал твојата сестра.. курв@.

Потег кој ќе остане запаметен:
се разбира Германија 06 и Зидан vs. Матераци .

[media]http://www.youtube.com/watch?v=EpG4AHlZrL4[/media]

Валтер Самуел(183cm 83kg)

Аргентинскиот ѕид

Брз, црвст, безкомпромисен, одличен скокач, играч кој игра со срце... Самуел!
Се појави на фудбалската сцена на голема врата откако премина од Бока во Рома за 20м евра еден од најскапите трансфери на одбрамбени играчи од тој континент. Имаше перфектна дебитантска сезона и му помогна на Рома да ја освои титулата таа година. Беше во тимот на сезоната и беше дел од најдобрата одбрана(одбраната на Рома) таа година. По одличните прикажани игри за него се заинтересира и кралскиот клуб кој плати 25м евра за да го доведе во тимот. Но пак ова ќе се покаже како погрешен потег на Реал, бидејќи Самуел ќе игра катастрофално во Шпанската Примера.
Неговата кариера се смена целосно откако пристигна во Интер, започна да се враќа на старите патеки и веќе се забележува оној ЅИД, човек кој е невозможно да се помине. Ценет од целата фудбалска јавност како еден од најдобрите централни одбрамбени играчи во светот Самуел е редовен во Интер и во репрезентацијата на Аргентина. Има огромно искуство т.е. тој всушност зад себе има 15 000 минути одиграни во најтешката и најгрубата лига во светот(калчото). Често знае да влези во конфликт со противничките играчи и нема респект кон никого, цврст во дуелите, прецизен тајминг, одличен командант на одбраната. Темпераментен и секогаш борбен до последен здив тоа е В. Самуел

Цитат:
Кон една од неговите жртви...
"I may have spat but it wasn’t targeted at Nedved, it was aimed at the ground,":pos::pos::pos:

Потег кој ќе остане запаметен:
Самуел ефектот... :pos: секој противнички играч што го мрази го плука, затоа многу често добива суспензии.

Иван Рамиро Кордоба(173cm 70kg)

Арива арива Рамиро ... андре андре

Хм... кој е човекот што му конкурираше на Мартинс на спринтовите? Пробајте 100 метри за 10.12 секунди? Човекот кој го исфрли Канаваро од Интер. Најбрзиот одбрамбен играч во светот.

На почетокот на кариерата оспоруван поради неговата висина, Иван Кордоба сепак почнал сигурно да ја гради фудбалската кариера. Играл како напаѓач но набрзо потоа бил вратен на позиција централен одбранбен фудбалер. Имал добра кариера, но ни во своите најлуди сништа не помислил дека некогаш ќе игра во еден од најсилните тимови во Европа. Сето тоа се сменило набрзо, скаутите на Интер биле присутни на два меча на колумбискиот репрезентативец. На двата тој постигнал голови... ''признавам, имав голема среќа но во фудбалот таа е секогаш потребна''-беа зборовите на Кордоба. Ова беше пресудно за неговиот трансфер во миланскиот гигант. Од тогаш наваму, Кордоба реди успеси на клубската сцена и на репрезентативно ниво. Одличен играч уште подобар човек. Добар скокач, одличен маркер/фластер, снажен, знае да се снајде во 5терецот, добар изведувач на пенали.... Но ретко кој знае дека Кордоба е еден од најголемите хуманитарци во фудбалот. Тој е основач на хуманитарната организација ''Колумбија сака да те запознае'', оваа организација има за цел да му помогне на 21 000 сиромашни жители, на најопустошените 25 села во Колумбија. Исто така тој купи и брод кој се вика ''Есперанза'' кој всушност претставува подвижна клиника бидејќи докторите од Милано ги пренесува до Колумбија каде имаат можност да му помогнат на болните деца. Навистина голем хуманиста, човек за респект.

Цитат:
''Сите луѓе кога ќе слушнат Колумбија, помислуваат на дрога, насилство, оружје... но јас и мојата организација се трудиме да му ја презентираме на светот, другата страна на Колумбија''

Потег кој ќе остане запаметен: Дуелите помеѓу него и 20cm повисокиот Ибрахимович(од времето во Јуве) каде буквално се изедоа двајцата. Ибра излезе со повреда на мускулот, Кордоба заработи пукната аркада.:pipi:
 
Поздрав Јове стварно многу ми се допаднаа анализиве на нашата екипа.овакво нешто неможе да направи секој, тоа го може само човек на кој на срцето му пишува""""!!!! I'o Sono INTERISTA !!!!''''':salut:
 
Joве, секоја чест. Добри анализи, но, само една мала критика:
Заклучокот го пишуваш како веќе да им завршила кариерата на играчите... Момент на кариерата? Па откаде знаеш дека (на пример) утре Кордоба нема да постигне хет трик против Јувентус? =/
Иначе, супер се.:pipi:
 
RESPECT!!!
 
Малце ќе закаснам со анализите, само сакав да го видите ова.

Магионичарот на дело... како го хипнотизира Роналдо.:pos::pos::pos:

[media]http://www.youtube.com/watch?v=zrebiAuO8o0[/media]
 
:pos2::pos2::pos2:

А глејте го Дакур позади попален е целиот :pos::pos::pos:

Диме, стави ја сликава у темава.
 
Н...Дакур позелене од завист!
Дакур си мисли: Зошто мене не ми дозволи, а на Тоти му дозволи?:(:(:(

:pos:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom