:pos2:

:tv: и уште 20 емоции со смеење
Колку сакаш ти бе ?
10 гола ако има дадено во овие 2 године од кој е у Интер, има лош карактер, од 5 шута 3 му идат позади стадион. И неговиот тренер му го оценува играњето на последниот меч еднакво со Нула.
.Така да он не вреди ни 20 милиона у моментов
Зборуваме за еден од најталентираните млади играчи во Европа, играч кој би го посакал секој во својот тим.
Има незгоден карактер, но тоа може да се среди, посебно со тренер како Мурињо.
Самоуверен е мисли дека е најдобар и тоа е добро. Слично како и Ибра и од ден на ден е се подобар.
Смешно е да го оценуваш со една изјава на Мурињо во ситуација на нервоза и сите знаеме како одигра целиот тим на Интер и по чија вина. Брз е, физички силен има одлична техника и неверојатен шут. Минатата сезона ги изведуваше корнерите, слободните удари а има само 18 години. Ако се работеше за играч со лош шут Мурињо немаше да му ја даде таа доверба.
Играч со така лош шут како што кажа ти зарем би бил задолжен за да го изведе секој центаршут, секој слободен удар на тимот? Биди малку реален...
Зошто реков дека цената е смешна...
Интер е тим со голем буџет, на кој не му се неопходни тие пари а да загуби таков голем талент.
Балотели е резерва во Интер бидејќи ги имаме Ето и Милито. Сепак неговиот квалитет доаѓа до израз.
Една мала споредба. Кога Интер беше подготвен да одвои 30 милиони за Кварезма што беше ризичен и на крај испадна лош потег зошто би продал проверен играч, огромен талент за 20 милиони.
И потоа да ризикува пак да го купи Суарез од Ајакс за околу 15 милиони и да биде проадната инвестиција? Не оди тоа така...
Големите клубови прават или собираат таленти и за нив ако треба даваат и неверојатни суми. Па зошто играч како Балотели некој клуб со шампионски амбиции би го продал за повторно ќе кажам смешна сума од 20 минилони.
Ајде да споредиме со Милан...
Вие го имате Пато, супер талент еден од најголемите во Италија. Имаше повеќе простор во Милан и се докажа повеќе за разлика од Балотели бидејќи скоро секогаш е стартер. Стигнува понуда од 30 милини и нема да мислиш дека е смешна? Би се согласил тој да замине во друг клуб за една таква сума? Кој играч ќе дојде како замена за него и сигурно ќе се снајде како него?
Најголем дел од фановите на Интер па и тука на фан клубот иднината на Балотели ја гледаат во Интер како голема звезда, лидер на тимот. Затоа и реков, доколку Арсенал го сака, Морати може да им го побара Фабрегас што значи нема да има трансфер, или ако има и ние добиваме супер играч а добиваат и тие.